Македонија
Груевски од Валандово најави најмалку 70.000 нови работни места
За наредниот мандат, лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред валандовчани, најави отворање на 70.000 нови работни места, најмалку 70 илјади нови вработувања.
„Направивме држава со најниски даноци на планетата земја. „Бизнис инсајдер“, базиран на податоците на ММФ и СБ објави годинава ранг листа на земји со најниски даноци. Прва во светот по најниски даноци со ефективна даночна стапка од 7,4 отсто е Република Македонија. Ефективната даночна стапка е еден просек изваден од сите даноци во Македонија, но и даночни ослободувања. Планираме нови намалувања на даноците, нови намалувања на ДДВ, на царини“, рече Груевски.
Тој додаде дека овозможиле легалиација на бесправно изградените објекти на целата територија на РМ, легализација на дворните места, легализација на земјоделски возила, намалување на царините за да можат да се увезат евтини автомобили. Како што рече Груевски, увезени се над 280.000 возила.
„Не ги делевме луѓето дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи… затоа што за нас сите се исти. Изјавите на Заев дека сме националисти се без основа, затоа што покажавме дека на сите ги покачувавме пензиите, на сите ги покачувавме платите, на сите им дававме субвенции, никого не делевме и никого не прашувавме што е по етничка заедница. На сите помагавме, кога имаше поплави одевме и во штипско и во Шипковица и во Новаци и во Речица. Приказната за националисти не држи вода. Оваа коалиција се бори за сите граѓани. Ако некогаш предупредиш за тоа што може да и се случи на државата, тоа не значи дека си националист“, рече Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Центар без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата 164 бр.117, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Крњево, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Шипковица – Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис
СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ ја смета за исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата против корупцијата и криминалот.
„Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани.
СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина“, соопшти СДСМ.