Македонија
Груевски: Победата ќе биде толку голема што Заев ќе се срами да погледне
Победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде толку голема што ќе им биде срам да погледнат (на опозицијата), а камоли да бараат широка коалиција, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, од Битола.
„ВМРО-ДПМНЕ се грижи за државата, за граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ девет пати ја добива поддршката од народот и затоа ова ќе биде 10-та победа на партијата. СДСМ почнале со нова приказна бидејќи знаат дека нема да победат и ги убедуваат своите членови дека нема да биде голема разликата и дека ќе загубат со 7- 8 пратеници и дека ќе влезат со една мала коалиција во новата Влада, изјави Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, на големиот митинг во Битола.
„Од овде од Битола сакам да и порачам дека победата ќе биде толку голема што ќе им биде срам да погледнат, а камоли да бараат широка коалиција, тие доколку побараат широка коалиција тоа би било исто таква ситуација како досегашната каде што веќе две години го малтретираа народот. Затоа сакам да ви порачам на 11 декември секој кој што сака да заврши оваа криза и сака стабилна Влада потребно е да излезе и да даде поддршка на оваа коалиција со победа и 63 пратеници. Има уште една причина, а тоа е дека ДУИ вели дека ако ВМРО нема доволно пратеници, тогаш за да се создаде Влада услов ќе биде предлог на премиер од ДУИ и ДПА, затоа многумина не сакаат ВМРО да добие 63 пратреници, но затоа потребно е да го добијат најмасовното референдумнско гласање за победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“, истакна Груевски.
ДИК, додаде тој, пред два дена излезе со конечна бројка на гласачкиот список, а на благодарност на СДСМ тој не е фантомски, туку проширен со нови 5.000 граласачи, тоа значи дека 5.000 гласачи за разлика од 2014 година имаат право на глас.
„СДСМ во последната година цела јавност ја лажеа дека има фантомски глчасачи, дека не ги признаваат изборите, а со тоа го потценуваа сопствениот народ. Заев ветува од ракав и со тоа го потценува народот, мисли дека народот му верува, тој деновиве излезе со некоја си смешна математика дека ќе го враќа ДДВ со 500 евра, а на секој граѓанин за да му биде вратено ова ДДВ од 30.000 денари, Македонецот треба месечно да заработува од 2.000 до 2.500 евра, од тука јас би го прашал Заев кој во Македонија зема месечна плата од 2.000 евра? Тој исто така ветува фабрики и инвестиции со кои ќе ги потикнат младите иселени лица да се вратат во нашата држава. Заев не е човек што не е од власта, тој 11 години е на власт во Струмица и не донел ниту една фабрика“, рече Груевски.
Тој исто така потенцираше и дека Заев си игра со чувствата на граѓаните, а граѓаните знаат да проценат и да донесат историска одлука на 11 декември, со историската победа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тој ветува и просечна плата од 500 евра, тој очигледно не знае дека просечната плата не се одредува од ракав, туку од напредок на економијата, од ново отворените рабоитни места и ново отворените фабрики. За разлика од овие зборови од ракав на Заев во времето на СДСМ во 2006-та година просечната плата изнесуваше 11.000 денари, за разлика од денес која изнесува над 21.000 денари“, вели Груевски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

