Македонија
Груевски, Заев, Ахмети и Тачи на лидерска за ДИК и за медиумите

Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, во вторник ќе имаат средба за да го откочат неспроведеното од Пржинскиот договор.
Со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, на иста маса ќе седнат и евроамбасадорот Аиво Орав, американскиот амбасадор Џес Бејли и олеснувачот во преговорите Питер Ванхауте кои ќе се обидат да дадат дополнителни напори, за до 24 април да се исполнат основите услови за фер избори.Пред лидерската четворка денеска ќе бидат проблемите околу комплетирањето на Државната изборна комисија, Законот за медиуми, Агенцијата за медиуми и Македонската радио телевизија, оставката на Груевски, прочистувањето на избирачкиот список. Проблемите се главно меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, па затоа за неполн месец Никола Груевски и Зоран Заев во вторник во 15 часот ќе седнат на заедничка маса во обид да ги решаваат проблемите. Роковите се пробиени, а нерешени се тешки прашања како составот на ДИК, каде спорни се тројцата експерти. Поточно, според не експертот Албанец, кој според СДСМ бил на страната на ВМРО-ДПМНЕ. За другите двајца начелно имало договор. За состојбите во медиумите се одржаа повеќе состаноци на работните групи, но и по тоа прашање договор нема. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да се предложи кој и да е европски закон, тие ќе го прифатат, а СДСМ бара смена на раководството во МРТВ, во Агенцијата за медиуми и другите институции поврзани со медиумите. /крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.