Македонија
Хазири официјално петти член на ад хок телото за надзор на медиуми

По предлог на четирите члена на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, постигнат со консензус, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во четврток го именуваше петтиот член, Љуљзим Хазири.
Во комисијата покрај Хазири членуваат и Слаѓана Димишковска и Цветин Чилиманов на предлог на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеновски и Љубомир Костовски на предлог на опозициската СДСМ.Услов за петтиот член беше тој да биде од албанската заедница и да биде избран со консензус од членовите бидејќи ниту ДУИ ниту ДПА, двете најголеми албански политички партии во Македонија, не доставиле свои предлози. Мандатот на Привремената комисија трае до завршување на изборниот процес на предвремените избори за пратеници во Собранието, кои треба да се одржат на 11 декември годинава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сопственици на апартмани во Солун и Неа Каликратија во Грција им понудија бесплатно сместување на родителите на повредните пренесени на лекување во Солун

Сопственици на апартмани во Грција им понудија бесплатно сместување на родителите чии деца се пренесени на лекување во Солун. На социјалните мрежи тие споделуваат телефонски броеви на кои може да се јават родителите и роднините на повредените деца за да побараат сместување. Понуденено е сместување во Неа Каликратија, оддалечена триесеттина километри од Солун и во Солун.
Попладнево министерот за здравство Арбен Таравари извести дека на лекување во Солун се испратени тројца повредени во пожарот во дискотеката во Кочани.
На лекување во странство се испратени вкупно 47 пациенти. Покрај тројцата во Солун, 14 повредени се испратени во Бугарија, од кои во Софија се осуммина, во Пловдив се тројца и во Варна се упте тројца. Во Белград е испратен еден пациент, во Ниш еден, во Истанбул тројца пациенти, а со авион најави дека вечерва ќе одат уште шестмина. Договорено беше вечерва четворица пациенти да бидат пренесени во Хрватска и уште 15 во Белград.
Македонија
Медицински експерти од Израел на пат за Македонија за да помогнат по трагедијата во Кочани

Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар го информирал шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски дека израелски медицински експерти патуваат во земјава за да помогнат.
Во објава на Икс, Саар исто така изразува сочувство за страшната трагедија во која загинаа повеќе од 50 лица, а десетици беа повредени во пожарот.
„Израел стои зад Северна Македонија во овие тешки моменти“, се наведува во неговата објава на платформата Икс, каде што беа објавени и знамињата на Израел и Северна Македонија.
Муцунски му се заблагодари на Саар преку објава на X, истакнувајќи: „Во овие тешки моменти, солидарноста на нашите партнери и пријатели е навистина непроценлива за нас“.
Македонија
Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме, вели Меџити

Вечерва, на плоштадот „Скендербег“, положивме цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани, напиша на социјалните мрежи Изет Меџити првиот вицепремиер и министер за животна средина по трагедијата во Кочани.
„Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, но исто тагуваме и жалиме за нашите млади момчиња и девојки што неправедно ги изгубивме. Нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите и повредените. Тие не се сами во оваа болка! Ние сме заедно“ објави на фејсбук Меџити.