Македонија
Хуманитарен настан за лекување на Марга Велеска
Во петок во старата скопска чаршија ќе се одржи хуманитарен настан за собирање на средства за лекување на Марга Велеска која боледува од церебрална парализа и е потребна помош за да ги собере средствата за лекување во Русија.
Со почеток во 12:00, па се до 20:00 во Старата Скопска Чаршија, во Пивница „Стар Град“ ќе се одржи хуманитарен JAM SESSION за Марга Велеска. Во Пивница „Стар Град“ ќе бидат поставени кутии каде што ќе можете да оставите донација.Се покануваат сите музичари кои се расположени за пеење, играње и свирење на различни инструменти (гитари, бас гитара, тапани, клавијатури), заедно да ја правиме музиката во текот на целиот ден со почеток точно на пладне, па се до вечер.За сите оние кои ќе дојдат на хуманитарниот настан обезбедена е бесплатна храна цел ден.Броевите на кои што исто така може да донирате се :Т мобиле- 070143114Вип- 077143077
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

