Македонија
И битолскиот универзитет бара одложување на измените на Законот за високо образование
Ректорската управа на универзитетот „Свети Климент Охридски“ бара одложување на предложените закони од областа на високото образование и нивно процесуирање во редовна постапка.
На сединицата којашто се одржала во петокот се расправало за Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование и на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно, основно и средно образование, едногласно ги донесе следните.
„Со оглед на сериозноста на предложените измени, и потребата од активно вклучување и придонес на Универзитетот во процесот на креирање на Законите кои се однесуваат на високото образование, Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола смета дека е неопходно одложување на предложените закони од областа на високото образование и нивно процесуирање во редовна постапка. Во таа смисла, со прифаќањето на овој предлог би се дало доволно време за темелно разгледување и анализа на предложените закони, и активно и креативно вклучување на целокупниот потенцијал на Универзитетот во изнаоѓањето на оптимални решенија“ се вели во заклучоците на Унивезрзитетот.
Одложување побара и ректорската управа на Унивезитетот „Свети Кирил и Методиј“, а студентите во петокот излегоа трет пат на протест против законските измени, односно против воведувањето на државен испит./крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ведро и студено утро, преку денот сончево со умерен ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Денеска времето во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

