Македонија
И ‘Смилковско езеро’ во извештајот на Стејт департментот за религиските слободи во Македонија
Пресудата за доживотен затвор за сторителите на убиствата кај Смилковско езеро, потешкотиите на малцинските религии за регистрација, уништувањето гробови, кражбите во црквите, дозволи за градба верски објекти се дел и од годишниот извештај за религиски слободи во Македонија, на Бирото за демократија, човекови права и труд при Стејт департментот на САД.
Во Извештајот, кој во основа не е значително изменет од оние за претходните години и се нотирани горе-долу истите забелешки без особена критичка нотираност, се вели дека Уставот и законите во Македонија ја штитат слободата на религијата, ја гарантираат еднаквоста на различнит религиски групи пред законот, и ги штитат граѓаните од религиска дискриминација.Религиските групи, се вели во Извештајот, забележуваат, како и минатите години, фаворизирање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, политизација на религијата, и дискриминација кон малцинските религиски групи.Насилни протести организирани од етничките Албанци се забележани по осудителната пресуда „за шест етнички Албанци, муслимани, кои беа обвинети за акт на тероризам во 2012 година кога убија пет етнички Македонци, православни христијани“.Малцинските религиозни групи јавуваат дека имаат потешкотии при регистрацијата со властите, како и извршување на денационализација на поранешни имоти и добивање дозволи за градење нови објекти, се додава во Извештајот.Повремено се случуваат протести при градба на религиозни стуктури, кои често маркираат етничка или политичка територија.Бекташката суфиска заедницата од Тетово известува за закани и злоставувања од индивидуи со различна интерпретација на исламот. Акти на вандализам на гробишта и на религиозни подрачја продолжуваат во текот на целата година, регистрирал Стејт департментот.Пријавени се 30 кражби во цркви, до ноември, до кога има податоци, а во јануари МПЦ-ОА премести 400 икони во музеи со цел да ги заштити од кражби, се вели во Извештајот за 2014 година.Американскиот амбасадор и други службеници од амбасадата се среќаваат со претставници на власта да дискутираат за теми поврзани со денационализација на верски имот, меѓуверска толеранција и за одделување на црквата од државата./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.