Македонија
Интернационална обука за подобрување на работните вештини кај младите
Подобрување на работните вештини, стекнување на интернационални искуства и подобрување на конкурентноста на работната сила на интернационалните пазари, се главните цели на обуката што се одржа во Скопје.
На обуката присуствуваа претставници од Македонија, Бугарија, Албанија, Франција, Словачка, Чешка, Литванија и Австрија.
Волонтирањето како можност за стекнување работно искуство и вештини беше главниот фокус на обуката, што редовно ја спроведува Националната агенција за европско образование и мобилност и истата е поврзана со имплементацијата на проекти на Европски волонтерски сервис – ЕВС.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на караванот „Еразмус плус“, кој е во тек, организира низа активности, обуки, семинари и работилници во насока на јакнење на знаењата и вештините и имплементирање нови образовни техники и методи за младите.
„Подигнувањето на квалитетот на работната сила, особено на младите во Македонија е основа за економски и општествен развој. Нашите цели се токму во насока на обезбедување можности за стекнување вештини и знаења кои кореспондираат со високите критериуми на глобалниот пазар“,изјави Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европско образование и мобилност.
Во тек е и новиот конкурс за апцилирање за програмите што ги нуди Еразмус плус, за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра. Конкурсот е објавен на интернет страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Сите волонтери кои земаа учество на обуката се вклучени во проекти финансирани преку програмата ,,Млади во акција“ и ,,Еразмус +“. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во наредниот период ќе продолжи со спроведување ваков тип обуки за волонтери кои ќе бидат дел од проекти финансирани преку програмата ,,Еразмус +“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

