Македонија
Иванов целосно ја поништи аболицијата
Изминатите десет дена бевме сведоци на различни толкувања на оваа одлука на поларизираната политичка сцена и обиди да се освојат ситни дневно-политички поени преку оваа одлука за која како и тогаш, така и сега сум уверен дека ќе придонесе за национално помирување и ќе понуди излез од политичката криза во земјата и поради ова денеска донесов одлука да ги поништам и преостанатите одлуки за помилување кои ги донесов на 12-ти април, се истакнува во писмената изјава на Претседателот Ѓорге Иванов од понеделникот.
Иванов, согласно измените на Законот за помилување, ја поништи аболицијата на дваесет и две лица, главно политички експонирани, меѓу кои поранешeн претседател, министри, функционери во полицијата, лидери на политички партии, поранешни и актуелни градоначалници, до вкупно 56-те опфатени со првата одлука за помилување
Согласно новите измени на Законот за помилување, што Собранието ги изгласа на 19-ти мај, лицата помилувани од страна на Претседателот, имаа можност самостојно да поднесат барање за поништување на нивните помилувања, по што шефот на државата имаше временски рок од 30 дена да постапи по нивните барања.
Но и покрај декларативните најави во јавноста од страна на дел од лицата засегнати со одлуката на шефот на државата од 12-ти април за прекинување на процесите произлезени од илегално прислушуваните телефонски разговори, дека ќе побараат нејзини повлекување, досега ниту еден од помилуваните не поднесе барање за поништување на одлуките за нивно помилување.
Пред измените на Законот, поништување на нивните помилувања побараа 12 лица: Никола Груевски, Зоран Заев, Трајко Вељаноски, Бранко Црвенковски, Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Бедредин Ибраими, Живко Пејковски, Владимир Талески, Божидар Јанковски и Владимир Тодоровиќ.
Обраќајќи ѝ се на целата македонска јавност во понеделникот, Иванов потсетува дека изминале десет дена откако ја објави одлуката за поништување на одлуките за помилување, односно ослободување од гонење без спроведување на постапка за вкупно дваесет и две политички експонирани лица и дека оттогаш, сите други лица, согласно законските измени, имаа можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. „На крајот, уште еднаш ќе потсетам дека за разлика од 12-ти април, денеска имаме нова реалност во Македонија. Во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците“, се заклучува во обраќањето на Иванов./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на планините врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.

