Македонија
Иванов: Географијата како траен фактор на политиката повторно стапува на сцена
„Геостратегиската и геополитичката позиција на Република Македонија и мигрантската и бегалската криза“ беше темата на предавањето на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со кое започна академската 2016/2017 година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.
Претседателот Иванов во предавањето се осврна на актуелни прашања од доменот на геополитиката и геостратегијата, кои се однесуваат на предизвиците со кои се соочува Република Македонија, во контекст на мигрантската и бегалска криза. „Географијата како траен фактор на политиката повторно стапува на сцена и нам ни останува да се прилагодиме и подготвиме за значајните промени кои претстојат и со кои ќе треба да се справиме, пред сè да го сочуваме она што го имаме, а тоа е сопствената држава. Сите треба да дадеме личен пример и придонес за остварувањето на таа цел“, порача претседателот Иванов во предавањето. Деканот на Воената академија, полковникот Орце Поповски, пак, додаде дека Академијата од своето основање дава значителен напредок и квалитативен и квантитативен придонес во рамките на системот за одбрана со нови високообразувани старешини и студенти од областа на одбраната, безбедноста и управувањето со кризи. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

