Македонија
Иванов: Годинава Македонија да го добие она што и’ припаѓа – членство во НАТО
Желбата на сите припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) е конечно оваа година земјата да го добие она што го има заслужено со постојаниот ангажман и подготвеност, рече во четвртокот Претседателот и Врховен командант Ѓорге Иванов кој на првиот ден од 2015 година го посети Баталјонот за специјални намени во скопската касарна „Илинден“.
„ Желбата на сите војници и старешини е конечно оваа година Република Македонија да го добие тоа што го заслужи и што и’ припаѓа, да биде членка на НАТО“, порача Претседателот Ѓорге Иванов заблагодарувајќи им се на сите припадниците на АРМ за нивниот придонес.
Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили придружуван од министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котевски, традиционално првиот ден од Новата година ги посети припадниците на АРМ.
Честитајќи им ја Новата година, претседателот Иванов од негово лично име, но и од името на сите граѓаните на Република Македонија на припадниците на АРМ им искажа благодарност за сé она што го прават за одбраната и за мирот во земјата. Истовремено упати честитки и до сите македонски војници кои се ангажирани во мировни мисии во други земји.
Пред претседателот Иванов рапортираа и надлежните од водот задолжен за неговото обезбедување, по што и Врховниот командант на вооружените сили го откри и камен-обележјето на армиските „волци“, пред коешто во иднина секој припадник на оваа елитна единица на АРМ ќе ја положува свечената обврска./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нов живот, нова надеж, малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави Ѓорѓиевски
Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по посетата на мајката и го поздрави доаѓањето на новиот живот како симбол на надеж и радост.
„Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град.
Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината.
Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности.
Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува, да напредува и да верува.
Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост“.
Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество, напиша Ѓорѓиевски.
„Тоа е нашата должност и наша најголема одговорност.
Искрени честитки до мајката Емилија.
Посакувам здравје, среќа и многу успеси.
Добредојде, Евгенија. Ти си најубавиот почеток на новата година“.
Македонија
Денеска сончево и студено, од сабота облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките населени места
Времето во текот на денот, претежно сончево и студено, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно ојужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.

