Македонија
Иванов: Имало план да се ослободат обвинетите од „Дива населба“ или да киднапираат јавни личности
Поголема група вооружени и униформирани лица од Косово влегла на територијата на Македонија и имала план да ги ослободат обвинетите во случајот „Дива населба“ или да киднапираат лица од јавниот живот во Македонија, кои потоа би биле разменувани за затворениците, тврди Претседателот, Ѓорге Иванов во интервју за дневниот весник „Дневник“.
„Станува збор за многу поголема група вооружени и униформирани лица од Kосово, но 40-мина влегоа на нашата територија и ние постојано бевме известувани за движењата и активностите на таа група, но и за нивните јатаци овде, за оружјето и експлозивите што ги префрлија од оваа страна на границата и за она што го подготвуваат како одмазда за полициската акција на 9 мај минатата година во Kуманово. Знаевме дека имаат план да ги ослободат лицата што се обвинети во случајот „Дива Населба“ како нивни соборци или да киднапираат лица од јавниот живот во Македонија, кои потоа би биле разменувани за затворениците. За тоа се расправаше и на специјалната седница на Советот за безбедност кога службите н` известија за сите детали. Ги знаеме дури и имињата на водачите и на тие што им даваат поддршка во Македонија. Тоа е во време кога полицијата ја водеше министерот од СДСМ, кој беше на состанокот. Некои од плановите на оваа група се и отцепување на дел од територијата на Македонија. Станува збор за многу чувствителни информации и во тој момент на Советот за безбедност проценивме дека јавноста не треба да биде запознаена со ваквите детали и затоа јавно го соопштував само она што беше неопходно и можно. За намерите на оваа група се известени странските партнери кои преземаа мерки на превенција во Kосово. Групата е с` уште активна и не се откажува од своите намери“, тврди Иванов.
Исто како и во своето последно обраќање зборува за безбедноста ситуација на земјава и дека со одлуката за аболиција спречил безбедносна криза во Македонија.
Тој повтори дека неговата одлука за аболиција не е причина за насилните демонстрации и дека безбедносните информации говореле дека сценариото било однапред подготвено, а тоа му го потврдиле и служби од странски земји, како и негови колеги, Претседатели од неколку држави.
„Уште од почетокот на кризата нашите пријателски држави и нивните служби н` известуваа за тоа што н` очекува и што се подготвува. Оние што мислеа дека можат да направат насилни акти и активности што не се во согласност со Уставот и законите си ги потценија сопствената држава и нејзините институции и служби. Не само што смеперманентно известувани од партнерските служби туку и претседателите на неколку држави лично ми соопштија детали за сценаријата што се подготвувани за Македонија и за она што допрва н` очекува. Има информации и од нашите служби кои сега не можам да ги соопштам јавно. Треба да се знае и дека беа мобилизирани и активирани иодредени криминални структури и поранешни затвореници за да прават нереди и насилство во државата. Нашите служби заслужуваат пофалба за тоа што информираа и превенираа навреме“, вели Иванов.
Тој не кажува конкретно кои држави ја дестабилизираат Македонија и чија е играта за дестабилизација на земјава, како што тврди.
„Во случајот „Пуч“ се сите одговори за ова прашање, затоа Заев на суд треба да одговори на прашањата за кои е обвинет. Има веќе една пресуда во овој случај каде што јасно се посочува зошто и по чиј налог биле правени снимките и во чија корист“, додава Иванов.
Иванов ги уверува граѓаните дека треба да бидат спокојни и да имаат доверба во институциите, иако, како што вели безбедносните служби биле тектонски нарушени од активностите на поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски.
„Се соочуваме со постојани и директни закани за безбедноста и наша работа е да ги намалуваме безбедносните ризици. Сега сосема се поинакви безбедносната состојба и нашата реалност. Полицијата и безбедносните служби се повторно под едно старешинство и една команда. Мигрантскиот камп во Идомени е испразнет. Заканата штобеше од северната граница со преземената полициска акција засега е спречена. Го имаме случајот „Ќелија“ со повратниците од Сирија, кои си го признаа делото и се спогодија, а другите 86, кои се вратени, се под надзор на полицијата и се чека Обвинителството да ја доврши истрагата за нив. За оние што с` уште се во Сирија, Ирак и во Либија се прибираат сите можни информации. Граѓаните треба да бидат спокојни и да имаат доверба во нашите институции и служби. Целиот тој систем на разузнавачки служби на некој начин ни беше тектонски нарушен од активностите на Верушевски и неговата група. Но го издржавме тој удар и следуваат реформи во тој сектор. Мигрантската криза беше и шанса да ги видиме капацитети со кои располагаме во овие служби, сега откако Верушевски не е влијателен таму. Многу ни помогна и тоа што го активиравме кризниот менаџмент. Состојбите на безбедносен план навистина се поинакви и граѓаните треба да бидат спокојни“, вели Иванов.
Наскоро Иванов најавува втор бран на мигранти пожесток од првиот во којшто ќе доминираат економски мигранти.
„Во овој втор бран се очекува да доминираат економски мигранти кои најчесто доаѓаат однеразвиени средини во Африка, лица што се поагресивни и кои многу ризикуваат затоа што, освен сопствениот живот, нема што друго да изгубат. Сега во прашање се милиони мигранти и само тоа е доволно застрашувачки. Затоа велам, наместо да ги користиме и трошиме ресурсите за обезбедување на протестите, треба да се концентрираме на вториот бран бегалци. Не станува збор само за хуманитарен, туку и за безбедносен проблем. Тој втор бран економски мигранти ќе биде искористен од сите оние екстремисти и терористи што сега се во Либија, кои ги губат битките на терен и се повлекуваат од таму за да дојдат во Европа. Безбедносниот проблем во вакви ситуации е на товар на државата. За полицијата и војската за првиот бран на мигрантската криза вонреднопотрошивме над 30 милиони евра. Тогаш имавме потреба од специјална опрема од безбедносен аспект, како што е контрола на биометрски исправи, термални камери, теренски возила кои ќе бидат искористени на илегалните премини. Тоа го баравме од Европската Унија. Но тогаш дојдоа обвинувањата дека ни дале 52 милиона евра забегалската криза. Ние уште ги бараме каде се тие пари? Kој ги примил, кога и за која намера? Ниту една институција не потврдила дека добила толку пари за мигрантите“, додава Иванов./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

