Македонија
Иванов: Сплотени сме во вакви моменти, потреба е поголема одговорност
Сплотени сме во вакви моменти со лидерите на политичките партии, бидејќи безбедноста на државата секогаш била над сé, a челницие на политичките партии треба да се однесуваат поодговорно, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во обраќањето по завршувањето на вонредната седница на Советот за безбедност, посветена на антитерористичкат операција во Куманово. Заклучоците до медиумите ќе бидат доставени во следниот период.
Иванов рече дека со членовите на проширениот состав на Советот имаат конкретни насоки за соодветно постапување, но и дополнително ќе заседаваат.
„Спречена е намерата за координирани терористички напади на различни локации во државата кои имаа за цел на предизвикување на сериозна дестабилизација. Со преземената акција, полицијата имаше за цел да спречи цивилни жртви. Заради ова беа претпени човечки и материјални загуби“, рече Иванов.
Иванов најнапред во изјавата побара смиреност од граѓаните во овој, како што истакна, критичен момент за државата, изразувајќи жалење за осумте загинати припадници на специјалните единици во акцијата за неутрализирање на терористичката група во кумановската Дива населба во саботата и неделата,
„Најостро е осуден терористичкиот напад во Куманово, нема да дозволиме ескалирање на состојбата“, порача претседателот на Република Македонија.
Иванов нагласи притоа дека за вакви ситуации предупредувал од многу порано во своите обраќања и ја повика меѓународната заедница, во прв ред Европската унија и НАТО, да изнајдат решенија за деблокада за членство на Македонија, бидејќи „ваквата состојба е ризична, како за земјата, така и за регионот“.
„На Република Македонија овие два дена ѝ се случи она на што предупредував уште пред неколку месеци во моето обраќање на Советот за безбедност во Обединетите нации. Сторителите и сите инволвирани во овој терористички чин скапо ќе платат за тоа што се обидоа да ѝ го сторат на Република Македонија и на нејзините граѓани. Сакам јасно да ставам на знаење – нема да дозволиме ескалирање на тензиите. Правиме сé што е потребно за да не дојде до дестабилизација на државата и нарушување на меѓуетничките односи“, истакна Иванов.
Изрази жалење за загубените животи на припадниците на Министерството за внатрешни работи и побара мудрост од граѓаните, поддршка од лидерите на политичките партии да се однесуваат одговорно, како и од медиумите.
На седницата, покрај претседателот Иванов, присуствуваа претседателот на Собранието Трајко Вељановски, премиерот Никола Груевски, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи, Зоран Јолевски, Гордана Јанкулоска и Никола Попоски, како и членовите на Советот за безбедност Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.
Од Кабинетот на Претседателот информираат дека Иванов, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повикал и претседателот на најголемата опозициска СДСМ, Зоран Заев, како и двете најголеми партии на Албанците во Македонија, ДУИ која е дел од владејачката коалиција, Али Ахмети и на опозицската ДПА, Мендух Тачи. Заев беше присутен на седницата во вилата „Билјана“. додека на местото на Ахмети од ДУИ присуствува Талат Џафери, а Имер Алиу место Тачи од ДПА./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По јавниот притисок, на прославата на плоштад нема да има огномет, велат од „Зелен хуман град“
Благодарение на институционалниот притисок вршен внатре во Советот на Град Скопје од страна на нашиот советник, Марјан Калевски, како и вонинституционалниот притисок вршен со нашите јавни реакции и секако, најважното, ангажираноста на нашите сограѓани со испраќање мејлови до надлежните институции и давање поддршка за нашата иницијатива на социјалните мрежи, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека оваа година на прославата огномет нема да има, објави „Зелен хуман град“.
„Потегот на градоначалникот го сметаме за позитивен, но истовремено сметаме дека не смее една ваква клучна материја да е нечие дискреционо право. Денес овој градоначалник донел позитивна одлука, утре некој друг нема да донесе таква. А останува фактот дека огнометите и пиротехниката на хартија се дозволени со поседување лиценци и обезбедување стручни лица кои ќе ракуваат со неа. Оттука, инсистираме оваа високоризична материја да се нормира и законски да се забрани експлицитно и на отворен и на затворен простор“, велат од граѓанската ијцијатива.
Пд таму потсетуваат и на нивното барање што побрзо Собранието да усвои законски измени и да забрани огномет и каква било пиротехника и на затворено и на отворено.
„Скопската централна новогодишна прослава без огномет претставува мал но значаен чекор кон подобрување на квалитетот на животот на најранливите групи граѓани во Скопје, намалување на преголемото загадување на воздухот, како и на сите медиуми на животна средина и, се разбира, етички чекор кон тоа безгласните жители на Скопје, животните, да не доживуваат енормен стрес и потенцијална смрт за 3 минути „забава“. Секако ова не ги спречува бројните несовесни граѓани кои новогодишните празници ги доживуваат како погоден момент на своја рака да испалуваат огномет и разни пиротехнички средства и поради ова апелираме и очекуваме Министерството за внатрешни работи да е на висина на задачата, особено на дочекот на Новата година“, велат од „Зелен хуман град“.
Македонија
Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието. Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание“, рече Стојаноски.
Тој кажа дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ќе ја затвориме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.
Македонија
СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски
Свиркачи од Министерството за здравство информираат дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ, велат од опозициската партија.
„Еве како планира владата на Мицкоски да го направи тоа, со измена на член од Закон за до членство на ЕУ да може да тераат паралелен увоз. Не сакаат во ЕУ заради пари, тргуваат и со здравјето на луѓето. Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови со крајно лош квалитет опасни по здравјето. Токму преку паралелниот увоз на лекови власта на ДПМНЕ и Никола Груевски ги правеше најголемите криминали на штета на здравјето на граѓаните“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека во 2016 бил откриен скандал дека во државава биле внесени фалсификувани лекови и тоа дел од нив биле откриени на Клиниката за онкологија каде се лекуваат пациенти болни од рак.
„Затоа СДСМ го забрани. Но, криминалот за ДПМНЕ е поважен од здравјето на граѓаните. Оттука се овие обиди на власта да го врати паралелниот увоз на лекови. Само заради бизниси со тендери. За пари. Ова се случува во време на корупциски скандали и обиди на власта да дефокусира од темите со мигрантите и недостатокот на пари. На мала врата буктаат вакви сериозни и големи работи. СДСМ ги поддржи сите акции кои ќе значат спречување на овој обид на власта да го врати паралелниот увоз и да ги загрози животот на пациените за пари“, наведува СДСМ.

