Македонија
Иванов во посета на Велес
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во вторникот го посети Велес, каде беше информиран за севкупниот развој на општината, за економската состојба, како и за идните планови и проекти со цел нејзин натамошен напредок.
На средбата со градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, претседателот Иванов беше информиран за тековните проекти во општина Велес, со цел подобрување на патната инфраструктура, како и за активностите во насока на подобрување на севкупните услови за граѓаните. Градоначалникот на Велес воедно го запозна претседателот Иванов со економските потенцијали и со индустриските капацитети со кои располага општината.
На средбата беше поздравена иницијативата за обновување на идејата за реализирање на проект, со цел пловност на реката Вардар, како и регионалниот проект за поврзување на реките Вардар, Морава и Дунав со Егејското Море. Во тој контекст, се разговараше за придобивките и значењето за општина Велес кои би произлегле од остварувањето на тој проект.
Иванов посочи дека овој проект ќе подразбира отворање на нови можности на економиите, нови инвестиции и работни места. Воедно, изградбата на овој канал, додаде македонскиот претседател, ќе има огромно значење и за развој на земјоделството, подобрување на хидролошката состојба, создавање на обновливи извори на енергија, развој на туризмот, што е особено значајно за градовите низ кои тече реката Вардар.
Градоначалникот на Велес изрази задоволство од посетата на претседателот Иванов и се заблагодари за сестраната поддршка од претседателот Иванов и неговите заложби за унапредување на севкупната клима и отворањето на нови можности за локален развој и просперитет.
Во рамки на денешната посета на општина Велес, претседателот Иванов ја посети фабриката на германската групација „Маркарт“, како најголема странска инвестиција во индустриската зона Караслари, каде беше запознаен со производствените капацитети, бизнис плановите и развојните цели на фабриката.
Македонскиот претседател, во Велес го посети и седиштето на повардарската епархија, каде оствари средба со митрополитот Агатангел./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.