Контакт

Македонија

Иванов за Bild: Македонија повторно е оставена на цедило со бегалската криза

Објавено пред

Во бегалската криза Македонија ги плаќа грешките на Европската унија. Ако требаше да се потпреме на Брисел, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти . 25 години сме лажени и манипулирани, вели претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во интервјуто за реномираниот германски весник „Билд“.

dobivaj vesti na viber

Според него морализирање и лицемерие е да и се замерува на Македонија. „Сé уште немаме добиено ниту евро од Европската унија, а потрошивме 25 милиони евра. Нам само ни се ветува помош“, вели претседателот Иванов во интервјуто. „Нé прашал ли некој како сме преживеале 25 години?“, вели шефот на македонската држава во разговорот со уредникот на Билд, новинарот, Кај Декман. Од Билд прашуваат како со цел да се запре приливот на бегалци Турција доби шест милијарди евра, а визите ќе бидат укинати, а истовремено Македонија треба да ја заврши „валканата работа” на ЕУ на границата со Грцијa и не добила ништо, дали се чувствува изигран?„Не е првпат Македонија да биде оставена на цедило од страна на ЕУ, тоа го знаеме многу добро. Кога за време на кризата во Косово примивме 360.000 бегалци никој не ни помогна. Затоа сега реагиравме проактивно – нашата армија ја штити нашата граница. Во бегалската криза, ние сега плаќаме грешка на ЕУ.  Прогласивме кризна состојба и веќе се потрошени 25 милиони евра од парите на нашите даночните обврзници. И што добиваме од Европа? Ништо! Ни евро! Наместо тоа, ние сега како земја, која не е членка на ЕУ треба да се заштитиме од Грција, која е членка на ЕУ“, вели Иванов.Македонија не е членка ниту на Шенген зоната, но ја штити и границата на Шенген зоната…„Да, ние сме тука во Европа, но не сме во ЕУ. Не сме ниту членка ниту на НАТО, ниту на Шенген зоната.А сепак ја штитиме Европа од европска земја, која не ја контролира бегалската криза, туку едноставно ги пренасочува бегалците. Така што безедносниот аспект е целосно изгубена во очите на бегалската криза. Ако требаше да се потпреме на Брисел, кој не реагира, одамна ќе бевме преплавени со џихадисти“, вели претседателот, кој дообјаснува дека пасошите и документите на мигрантите се фалсификувани или украдени, „а за 9.000 лица сме сигурни во тоа“. Од Билд заклучуваат дека и Германците треба да ѝ се благодарни на Македонија што ја затвора границата на радикализмот?„Во бегалската криза постојат хуманитарен аспект и безбедносен аспект. Од хуманитарен аспект Германија постапува многу добро. Но од безбедносен аспект вашата земја целосно потфрли. Само еден пример. Сакавме со Европа, но и со Германија, да ги споделиме нашите информации за наводни џихадисти. Но никој не ги сакаше нашите податоци. Ни беше укажано: Ние не можеме да соработуваме со вас, вие сте во трета земја, и не можеме да ги разменуваме нашите податоци“, вели Иванов, кој додава дека ни Германија не сакала да помогне?„Ни беше потребна опрема за земање биометриски податоци , но Германија не ги прифати нашите барања. Сепак, ние пронајдовме други земји кои ни помогнаа.Тоа е сосема апсурдно: Ние не сме загрижени, дури ни за пари, туку за безбедноста на целиот континент. Но, очигледно никој не е заинтересиран. Се запрашавме дури кога се случија нападите во Париз, и тоа отпосле. Тогаш, ние ги известивме властите дека десет лица влегле со ист идентитет како и на атентаторите“, вели Иванов.За тоа зошто Македонија не е на преговосите меѓу ЕУ и Турција, Иванов вели дека за жал не сме на масата, но сме на менито. „Ние секогаш сме биле жртви на институциите на ЕУ. 25 години сме лажени и манипулирани. Имаме веќе седум препораки за почеток на преговори со ЕУ, но и натаму сме попречувани од страна на Грција. Никој во ЕУ не може да се разбере со Грција, но ние мораме да го решиме  спорот со нив“, додава претседателот.Иванов вели дека канцеларката Ангела Меркел со нејзиниот хуманитарен гест покажа храброст, но никој нема храброст сега да каже што понатаму, кога се знае дека само во Судан и Египет чекаат 20 милиони мигранти, кои сакаат да дојдат во Европа.За ситуацијата во Идомени, која се очекува да ескалира, на границата со Македонија, од Билд прашуват дали ќе се браниме поостро или само со солзавец.„Ние не сме ѕверови кои пукаат во бегалци од воени жаришта! Најпрво што треба, е да се погледне на грчката страна. Таму има полицајци на ЕУ, кои треба да ја стават ситуацијата под контрола. Но, тие очигледно не можат да го сторат тоа.Ако Македонија уште повеќе ја затвори границата, Иванов го упатува Билд да ги праша Грците што ќе се случи. „Тоа мора да ги прашате Грците!Тие сега ќе добијат уште 700 милиони евра од ЕУ, тие добиваат се што сакаат.Проблемот е што тие не прават ништо со тоа! Зошто тоагш постојат прифатни центри? Јас разбрав дека на Европа и е сеедно“.Впечаток е точно дека Вие сте навистина лути на ЕУ, вели новинарот од Билд ?„Што би направиле ако Вашата земја над 25 години  на сите начини е попречувана, манипулирана и лажена? И покрај безброј позитивни извештаи се уште нема никаков напредок во однос на европската перспектива. Ние сме заглавени во лифт веќе 25 години“, додава Иванов.Интервјуто со претседателот Иванов го водеше токму главниот уредник на „Билд“,  Каи Дикман, кој новинарската слава ја достигна откривајќи ја афера за финансиски криминал на некогашниот германски претседател Кристијан Вулф, поради која Вулф беше сменет од функција.Реномираниот новинар истовремено е член на извршниот одбор на турскиот весник Хуријет, и автор на многубројни публикации, во 2004  беше главниот уредник на мемоарите кои ги напиша поранешниот германски канцелар, Хелмуд Кол. Дикман е добитник на многу награди, меѓу кои Goldene Feder во 2000 и 2005 година, World Media Award за 2002 година, Blogger Newcomer of the Year за 2009 година како и наградата Media Man of the Year за 2009 година./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Објавено пред

Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.

dobivaj vesti na viber

Меѓународната патентна пријава на „Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април 2020 година, со опфат на голем број региони и земји, меѓу кои земјите од Европската Унија, САД, Канада, Кина, земјите од Евроазиската економска унија и други. Патентната пријава при Европскиот завод за патенти, чии ингеренции опфаќаат патентни активности во 39 земји во Европа, беше одобрена на 3 август минатата година и валидирана во триесетина земји, меѓу кои и Македонија.

Патентот на „Алкалоид“ АД ја заштитува течната фармацевтска дозна форма на „Омепразол“, која се базира на два посебни раствори содржани во двокоморско пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен омперазол за употреба. Овој препарат е наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај малите деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасните пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациети со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).

Државниот завод за индустриска сопственост е основан на 1 декември 1993 година како самостоен орган на државната управа и е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и со заштитата на правата од индустриска сопственост кои опфаќаат патенти, индустриски дизајни, трговски марки и ознаки за потеклото на производите. Оваа институција триесетта година по ред традиционално организира активности во насока на афирмација на улогата на индустриската сопственост во поттикнувањето иновации и креативни творби.

 

ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

Први и шести мај неработни за сите граѓани на Македонија, трети мај за граѓаните од православна вероисповед

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:

dobivaj vesti na viber

1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови“, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5 и ги повика сите да се приклучат и да донесат уште поголема победа во вториот круг.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија2 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет4 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет4 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет5 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион5 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет5 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија16 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија16 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија17 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија19 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија22 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ23 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...