Македонија
Иванов: Зголемена комуникација и транспарентност во работата на системот за национална безбедност
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во понеделникот одржа работен состанок со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, командантот на Здружената оперативна команда, директорите и раководителите на државните органи надлежни за одбраната, безбедноста и разузнавањето, и со националниот координатор за борба против тероризмот.
На работниот состанок надлежните органи го информираа претседателот Иванов за заканите и ризиците кои се последица од регионалните кризи и конфликти, а со кои се соочува Македонија, како и за мерките кои се превземаат за превенција и справување со истите.
На средбата беше истакнато дека субјектите на системот за национална безбедност, согласно акциониот план за превенција и справување со влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија на Главниот штаб на Центарот за управување со кризи, учествуваат со мерки и активности за превенција и справување со актуелната кризна состојба зафатена со бранот на илегална миграција, која доаѓа од територијата на држава-членка на Европската унија.
Надлежните институции го информираа македонскиот претседател дека покрај ангажирањето на дел од армиските и полициските единици за надзор на државната граница и задачите кои произлегуваат од стратегискиот одбранбен преглед, службите разменуваат и добиваат податоци од странски партнери од ЕУ и НАТО и од државите во регионот, а со цел идентификување на ризиците кои произлегуваат од илегалната миграција: трансфер на странски терористички борци, спречување на делување на организирани криминални мрежи кои се олеснувачи во помагање и криумчарење на безбедносно ризични лица без документи или со фалсификувани документи, проверка на идентитетот на странските државјани и идентификација на лица кои учествувале во воени дејствија во кризните региони.
На работниот состанок воедно беа извршени безбедносни консултации поради потребата за промена на поставеноста на субјектите во системот за национална безбедност и нивната надлежност, потреби од материјалната, кадровската и техничката опременост за соочување со заканите и ревизија на механизмот за извршна контрола над работата и примената на мерките од службите.
„Заканите со кои се соочуваме ја наметнуваат потребата од зголемена комуникација и соработка меѓу службите, навремен и превентивен одговор, и поголема транспарентност во работата на системот на контрола во Собранието и институциите“, истакна на средбата Иванов.
На состанокот беше дискутирано и околу можностите за развој на систем за одбрана со акцент на зголемување на капацитетите на специјалните сили и разузнавањето, како и развој на систем за информирање на субјектите надлежни за безбедноста и одбраната, кои ќе бидат дел од обврските во новата Стратегија за одбрана на Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

