Македонија
Ивановски на Светскиот самит за информатички технологии 2014 во Мексико

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествува на Светскиот самит за информатички технологии 2014, кој од 29-ти септември до 1-ви октомври се одржува во градот Гвадалахара во Мексико.
Ивановски ќе има обраќање на две панел дискусии: „Иднината на широкопојасниот интернет“ и „Отворени податоци за транспарентна влада“, a исто така ќе одржи и презентација пред ИКТ комората на Мексико, соопшти МИОА.
Инаку, на самитот учествуваат 50 излагачи и околу 2.500 делегати од 80 земји, владини и академски претставници, извршни директори на ИКТ компании, медиуми, невладини организации, како и водачи на корпорации, кои ќе разговараат и разменуваат мислења за новите ИКТ прашања на глобално ниво.
Главна тема на собирот ќе биде „Градење на заедничка дигитална ера„ во рамките на која ќе бидат покренати правни и економски прашања поврзани со неа.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.