Македонија
Изаири: Заштитата на Шар Планина е национален приоритет
Прогласувањето на Шар Планина за национален парк треба да се разбере како намера за обезбедување развој и унапредување на целокупната состојба и потенцијал на нејзините природни вредности, но исто така и обезбедување правилно управување и одржливо искористување.
Ова во вторник го истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, во своето воведно обраќање на јавната презентација на активностите за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје, што се одржа на Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Карактеризирајќи ја Шар Планина како подрачје од висок национален интерес, со многубројни природни вредности и исклучително богат биодиверзитет, министерот Изаири додаде дека прашањето за прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје (национален парк) повторно е актуелизирано и е приоритет во Програмата на Владата на Република Македонија (2014 – 2018г).
На настанот беше презентиран проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање „Постигнување заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирањето на намената на земјиштето“, кој се спроведува со поддршка на УНЕП, канцеларија во Виена, а финансиски е поддржан од Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ).
Приоритетите во овој проект се дефинирани во двата проекти што Министерството за животна средина и просторно планирање, со поддршка на ГЕФ и УНЕП, ги реализираше во изминативе две години, а се во завршна фаза – Стратегија со Акциски план за биолошка разновидност и Национален Акциски План за борба против опустинувањето и одржливо управување со земјиштето. Една од крајните цели на проектот е да се зголеми процентот на заштитени подрачја од 9% до 12% во што голем удел ќе има и прогласувањето на Шар Планина .
Меѓу другите на настанот присуствуваа и Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово, Томас Мајкл Баер, амбасадор на Австрија, видни претставници од научната јавност, градоначалници и претставници на општините кои гравитираат кон оваа подрачје, претставници на невладини организации и медиуми.
Настанот беше организиран со цел сите засегнати страни, уште во раната фаза, да се вклучат во активностите што ги презема Министерството и Владата на Република Македонија во однос на заштита на Шар Планина.
Со воведен збор на настанот се обратија и ректорот на Универзитет за Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, како и претставникот од канцеларија на УНЕП во Виена, Пјер Карло Сандеи. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

