Македонија
Избирачкиот список речиси прочистен

Државната изборна комисија (ДИК), во четврток попладне го усвои извештајот за прогресот на теренските и административните проверки на избирачкиот список, за кој гласаа членовите на комисијата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА, како и експертите, а против гласа членовите предложени од СДСМ.
Државната изборна комисија се уште е далеку од завршување на работата, смета Игор Милев од СДСМ, бидејќи за уште многу граѓани податоците не се ажурирани.На ова реагираше, Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, која смета дека сите податоци досега се проверувани по три основи: лична карта, патна исправа и нивна вкрстена проверка.Во следните денови, се очекува, надлежните органи да ги достават сите информации кои се бараат со дополнителните проверки, а од МВР да побара податоци за лицата кои ги исполнуваат условите за запишување во избирачкиот список, односно да ги добијат податоците од вкрстената проверка од надлежните институции по основ на лични карти и патни исправи за кои се уште има несогласување меѓу членовите на комисијата.Останува да се провери и базата на податоци по основ на живеалиште.На крајот од седницата, пристигна уште еден извештај од МВР за прегледаните податоци, кој ќе треба да се разгледа и изгласа во петок, по што Државната изборна комисија ќе треба да констатира дали избирачкиот список ќе биде чист за изборите на 5 јуни.Останува и да се проверат во МВР 106.000 граѓани за кои е несомнено дека постојат, но трајно или привремено се надвор од земјата, за да се утврди каде ќе гласаат./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.