Македонија
Извештајот на СЈО пред Советот на јавни обвинители, Јанева нема да присуствува
Советот на јавните обвинители, во петок во 10 часот ќе го разгледува извештајот за активностите на Специјалното јавно обвинителство за неговата работа во првите шест месеци.
Од Советот соопштија дека на седницата се поканети да присуствуваат Јавниот обвинител Марко Зврлевски и Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Од Специјалното обвинителство, велат дека Јанева нема да присуствува на денешната седница на Советот на јавни обвинители.Оттаму велат дека немаат законска обврска да присуствуваат и oти досегашната воспоставена практика покажува дека ниту еден обвинител претходно усно не го образложувал извештајот што го доставил до Советот.Специјалното обвинителство писмено го известил Советот дека нема да присуствува на седницата. На дневен ред на Советот се три точки од кој последната е токму разгледувањето на шестмесечниот извештај на Јанева.На седницата на Советот на јавни обвинители ќе се разгледува и спорот меѓу Зврлевски и Јанева за неколку предмети кои Јавното обвинителство на РМ одбива да ги даде на Специјалното обвинителствоСпецијалното јавно обвинителство во вторникот го испрати извештајот за шестмесечното работење до надлежните институции како и до Собранието, кое пак седница за негово разгледување закажа за 28-ми март.Во извештајот Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, најавува дека во најскоро време може да се очекуваат и првите обвиненија, анализирајќи дека во овој период се започнати многу предистражни постапки, од кои дел се во поодмината фаза, а дел поминале и во фаза на истрага.Во делот од извештајот „предметно постапување“, Специјалното јавно обвинителство реферира дека во овие шест месеци Обвинителството отворило вкупно 150 предмети.Триесет од предметите се во истражна постапка против 80 лица. За неовластено прислушување покрената е постапка против шест лица, против десет лица за повреда на избирачкото право, против 37 лица за злоупотреба на службената положба и овластување, 12 лица за кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите” и други кривични дела кои главно се поврзани со изборни нерегуларности.Обвинителството отворило вкупно 120 предистражни постапки, од кои 50 предмети во 2015 година и 70 предмети во 2016 година. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

