Македонија
Извлечени сите заглавени патници од Пресека, сообраќајот од Охрид до Кичево сè уште во прекин

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, извлечени се сите патници кои во недела вечер со своите возила биле заглавени на планинскиот превој Пресека, на магистралниот пат Охрид-Кичево.
Според последното соопштение на АМСМ, сообраќајот на овој патен правец е сè уште во прекин, а голем број охриѓани со своите возила чекаат во Кичево или патуваат преку Битола.Од АД Галеб информираат дека поради непроодноста на Пресека автобуските линии кон Скопје сообраќаат преку Битола, јавува Охридњус.Поради високата снежна покривка и неисчистените патишта голем број села кои се наоѓаат во повисоките предели од општините Охрид, Дебарца и Струга во моментов се отсечени./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 100 мм на улицата Железничка б.б без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Железничка и Герман, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од селата Мршевци, Бујковци, Бучинци ( општина Илинден ) Грушино ( општина Арачиново ) , сите приватни трафостаници со волтаици во Мршевци ( општина Илинден ) како и приватните трафостаници на Моби Мак во Мршевци ( општина Илинден ) и Грушино. ( општина Арачиново )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од село Кадино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улиците Димо Хаџи Димов и Марко Орешковиќ ( општина Кисела Вода ), дел од корисниците од улиците Костурски Херои и Петар Поп Арсов ( општина Центар ) како и корисниците од ул. Васил Стефановски. ( општина Центар )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Фјодор Достоевски. ( општина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 15, 17, 19, 21, 23, 25, 27, 29, 71, 73, 75, 79, 83, 100 и 101 во село Волково. ( општина Ѓорче Петров )
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне повремен дожд

Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 23 степени.
До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени и ќе дува засилен јужен ветер (над 60 km/h).
В среда попладне во текот на ноќта и в четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок и в сабота, а в недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.