Контакт

Македонија

Јанакиески: Целокупната постапка е спроведена согласно законите

Објавено пред

Одлуката на Уставниот суд за укинување на урбанистичкиот план претставува основа за раскинување на договорот, а не пропустите во работата на Комисијата, од причина што укинатиот Урбанистичкиот план претставува суштински елемент на договорот, соопшти во осмена изјава за медиумите во четврокот поранешнито министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во врска со претходната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, во однос отворената истражна постапка за случајот „Топлик“, во кој предмет на истрага се активности во министерството во периодот додека со него раководеше Јанакиески.

dobivaj vesti na viber

„Комисијата за продажба на градежно неизградено земјиште при Министерството за транспорт и врски по отстранување на забелешките од страна на претходната комисија кои се од технички карактер и по целосно комплетирање на документацијата од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, на ден 4-ти април 2007 година има објавено Јавна објава за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија во општина Сопиште, согласно одредбите од Законот за градежното земјиште и Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, а не согласно Законот за јавните набавки, како што беше изнесено на денешната прес конференција на СЈО“, се вели во Јанакиески.

Јанакиески тврди во продолжение дека спротивно на наводите изнесени на денешната прес конференција на СЈО, за наводно постапување спротивно на членот 3 од Уредбата за начинот и постапката на отуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за отуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 79, од 3.10.2001 година, објавата за оттуѓување на градежното земјиште ги содржела сите задолжителни податоци кои се предвидени во споменатата уредба и тоа: податоци за градежното земјиште кое е предмет на оттуѓувањето, почетната цена по квадратен метар за земјиштето, рок за поднесување и начин на поднесување на пријавите за учество, депозит за учество на јавното наддавање, начин на спроведување на наддавањето и место и време на одржување на јавното наддавање, што може да се констатира од самата објава за оттуѓување на предметното земјиште, објавена во печатените медиуми.

„Целокупната постапка е спроведена согласно законските и подзаконските прописи кои го уредуваат оттуѓувањето на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, што може да се констатира и од позитивното мислење на државниот правобранител, како надлежен орган за произнесување во постапките за отуѓување на недвижен имот во сопственост на Република Македонија“, тврди Јанакиески и додава дека:

„На ден 23.10.2010 година од страна на Уставниот суд на Република Македонија е донесена одлука за укинување на одлуката за донесување на урбанистичкиот план за с. Сопиште – локалитет Сончев Град, донесена од страна на советот на општина Сопиште, поради констатирани неправилности во постапката која што општината ја има спроведено, а не поради грешка и пропусти во постапката од страна на Комисијата. Овие недостатоци на комисијата за отуѓување на градежното земјиште и Министерството за транспорт и врски не им биле познати, ниту можеле да им бидат познати од причина што градоначалникот на општина Сопиште има издадено извод од наведениот урбанистички план, кој што е усвоен од страна на советот на општината, согласно што гарантира дека постапката е спроведена согласно законските одредби и урбанистичкиот план може да се спроведува. Да напоменеме, постапката за донесување на урбанистичките планови е во исклучива надлежност на единиците на локалната самоуправа.

– Одлуката на Уставниот суд за укинување на урбанистичкиот план претставува основ за раскинување на договорот, а не пропустите во работата на комисијата, од причина што укинатиот Урбанистичкиот план претставува суштински елемент на договорот. Исто така сакам да потенцирам дека одлуката на Уставниот воопшто не се однесува на наводите на СЈО за однапред познати причини за неможност на извршување на договорот од страна на Министерството за транспорт и врски, туку истата се однесува на формални недостатоци во водењето на постапката од страна на општината и тоа: – јавната анкета којашто ја спроведувала Општината траела еден ден пократко од предвидениот рок со законот, – согласноста на урбанистичкиот план издадена од Министерството за транспорт и врски на ден 19.02.2007 година, општината во својата архива ја заверило на 21.02.2007 година, што е еден ден под усвојувањето на урбанистичкиот план од страна на советот на општината.

„Во однос на раскинувањето на договорот и наводите за оштетување на буџетот на Република Македонија при исплата на законска затезна камата од страна на Министерството за транспорт и врски, би сакале да ја известиме јавноста дека Министерството за транспорт и врски нема склучено договор за раскинување на договорот, што е спротивно на тврдењето на СЈО, туку истиот е раскинат со судска спогодба на ден 20.07.2011, која што е склучена помеѓу правното лице купувач, кој што е во својство на тужител и Република Македонија, претставувана од Државното правобранителство на Република Македонија за подрачје на Скопје, како застапник по закон. Согласно напред наведеното, може јасно да се утврди дека изнесените наводи на СЈО се неточни, тенденциозни и со цел нарушување на угледот и честа на поединци и институции. Согласно споменатата судска спогодба се раскинува договорот за отуѓување на градежното земјиште, а се задолжува Министерството за транспорт и врски со истата спогодба склучена од страна на Државното правобранителство единствено да ја врати купопродажната цена со законска затезна камата, а земјиштето да се врати во сопственост на Република Македонија. Согласно спомената спогодба, а со цел заштитување на имотните интереси на Република Македонија, не е прифатено тужбеното барање за исплата на надомест на име обична штета во износ од 3.380.000 евра, што јасно укажува на постапување од страна на надлежните институции, а особено на Министерството за транспорт и врски во интерес на Република Македонија и заштита на имотните интереси на Република Македонија. Би сакале уште еднаш да напоменеме дека Министерството за транспорт и врски ниту раскинало договор, ниту учествувало во спогодувањето за раскинување на договорот, туку истата постапка во целост е спроведена од страна на Државното правобранителство на Република Македонија“, се вели уште во реакцијата на поранешниот министер за транспорт и врски.

Јанакиески вели дека единственото нешто што било преземено од страна на Министерството за транспорт и врски во постапката за враќање на уплатените средства и законски утврдената затезна камата, за што обвинува СЈО, е постапувањето согласно судската спогодба, која е извршна исправа. Непостапувањето по судска спогодба претставува основа за кривична одговорност согласно законските прописи (член 377 од КЗ), како и можност за дополнителни казнени камати на штета на буџетот на Република Македонија, потенцира тој..

Го споредува случајот со тоа примерот како што во четвртокот специјалната обвинителка Катица Јанева пред Управата за безбедност и контраразузнавање се повикува дека постапува согласно судска одлука, вели Јанакиески во писмената изјава, така и институциите во дадениот момент постапиле согласно судска одлука, а секое непостапување повлекува кривична одговорност.

„Апсурдно е што Јанева и СЈО товарат други лица и институции затоа што бил спроведуван законот и затоа што не извршиле кривично дело. Измислувањето случаи каде што сè е чисто и според Закон, како во конкретната пригода, е само уште еден јасен показател дека мисијата што СЈО си ја поставило пред себе не е да се спроведува правда, туку политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ и кампања во корист на други политички чинители во Македонија“, заклучува Јанакиески./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;

· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;

· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска дел од Бутел

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Времето во наредните денови

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 час

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа2 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа2 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион2 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет3 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија12 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија18 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија19 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија20 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ21 час

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија23 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија24 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија24 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија1 ден

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа1 ден

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет1 ден

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет1 ден

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет1 ден

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...