Македонија
Јанева испорача три барања до Неделкова, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од Собранието каде одговара на пратеничките прашања за извештајот за работата на ова Обвинителство, испорача три барања до претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, до Судскиот совет и до Советот на јавни обвинители.
„Многу ми е мило што се разбудија од кома некои институции во Македонија, Врховниот суд, Судскиот совет и Јавно обвинителскиот совет“, рече Јанева алудирајќи на одговорот на овие институции по нејзиниот јавен повик судењето за „Пуч“ да се презакаже поскоро.Таа упати прашања и барања до овие институции, ја праша Неделкова колку време е потребно за да одлучи по иницијативата за барањето за заштита на законитоста на дејствијата за случајот со градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко кој е осомничен во случајот „Титаник“.Побара Советот на јавни обвинители да ја испита работата на Кривичниот суд Скопје за судењето во разумен рок за случајот „Пуч“, а од Советот на јавните обвинители побара да одговорат според кој член од Законот утврдуваат кое обвинителство е надлежно за некој случај.„Иако овие институции ја омаловажуваат работа на СЈО јас и мојот тим ќе се избориме со сите опструкции и ќе се потрудиме да се врати довербата во правосудната фела“, рече Јанева.Таа одговараше на прашања на пратеничката од Социјалистичката патија Владанка Авировиќ, која поставуваше прашања повеќе од еден час. Ја праша како блиски роднини на членовите на ова Обвинителство се вработени во СЈО и ја обвини дека ја застапува страната на една политичка партија којашто ги објави прислушуваните разговори. Според Авировиќ, во извештајот на СЈО од 16 страници има оскудни информации од кои пратениците не можат да создадат целосна слика за работата на ова Обвинителство и побара Јанева да каже на кој начин ги троши парите со коишто располага Обвинителството. Авировиќ обвини дека СЈО ангажира советници кои се блиски до СДСМ, меѓу кои Светомир Шкариќ, Гордан Калајџиев, Александар Тортевски и други на кои им плаќа по околу 500 евра надомест вкупно за советодавни услуги троши околу милион евра. Јанева одговори дека таа лично ги избира советниците според нивната стручност и дека тоа ѝ е овозможено со Законот за јавнообвинитеска служба којшто го донесе Собранието. Никој од нив не барал пари, но хонорарите ги добивале на нејзино инсистирање бидејќи работеле со доверливи материјали.„За извештајот ќе имам специјално обраќање на седницата, ако бидеме живи да ја дочекаме. Не сум јас супермен, јас сум човек како и сите. Извештајот на 16 страници е слика за работата на СЈО во последните три месеца од годината. Истражувањата што ги направи јавноста покажаа дека во изминативе десет години никој од обвинителите не образложувал извештај во Собраниеот. Да видев како изгледа некој извештај можеби и мојот ќе беше посуштински. За финансиите нема да кажам ништо и немам намера да разговарам за тоа“, изјави Јанева.Таа откри дека во прислушуваните разговори има разговори и од бизнисмени но дека тие слчаи сѐ уште се работат. Како што истакна таа, материјалните докази се клучен приоритет за ова обвинителство и дека прислушуваните разговори се само индиции.Владанка Авировиќ изнесе податоци во јавноста за случајот со уништувањето на опремата на УБК, според кои таа опрема била неупотреблива и дека била уништена со одобрение односно за тоа документ потпишал дополнителнииот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од опозициската СДСМ. Јанева рече дека доколку Авировиќ има информации за овој случај, таа обврзана е да ги достави до СЈО, а според податоците кои таа ги изнесе во овој случај, според Јанева била вмешана и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која тогаш била министер, односно во 2014 година, кога според неа се случило уништувањето на опремата. За Јанкулоска СЈО нема засега докази и не е обвинета во овој случај.По одговорот на Јанева реплика повторно имаше Авировиќ која рече дека тие информации ги црпи од медиумски извештаи. По нејзината реплика Јанева и Авировиќ влегоа во расправија за ангажманот на Мирослав Грчев како експерт во СЈО и Јанева рече дека неколкупати веќе повторила дека тој е ангажиран од Архитектонскиот факултет.По расправата со Авировиќ, Јанева ја напушти седницата и рече дека не се враќа во Собранието с/ до Пленараната седница и искоментира дека „ова што ѝ го правеле пратениците е мобинг“.На денешната комисиска расправа прашање имаше само од Авировиќ, а претходно пратениците речиси два часа водеа процедурална расправа. Извештајот е ставен на дневен ре и на Пленанаата седница којашто требаше да започне денеска но се одложи бидејќи се чека извештај од комисиската расправа. /крај/мф//ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

