Македонија
Јанева: Правдата ќе победи и покрај заканите и опструкциите
На почетокот на прес-конференција на Специјалното обвинителство во петокот се обрати Специјалната обвинителка, Катица Јанева, која порача дека правдата ќе победи и покрај заканите од институциите, одредени политички партии и кривичните пријави кои се поднесени против специјалното обвинителство.
„Правдата ќе победи, наспроти тешкотиите и заканите што доаѓаат од одредени политички партии и конструираните кривични пријави против мене и моите соработници. Се чувствувам слободна и цврста, бидејќи на моја страна се Уставот, законите и вашата поддршка. Макар сите да молчат, јас нема да молчам. Сите ме охрабруваат и јас да бидам храбра и исправено да стојам пред бурите и ветриштата што му се спротивставуваат на Специјалното јавно обвинителство уште од самиот почеток на неговата работа. Ме охрабрува и поддршката на меѓународната заедница. Поддршката е доказ дека нашата борба не е само наша, туку е и борба на целиот демократски свет“, рече Јанева.Таа побара три мерки за Обвинителството поуспешно да ги спроведе поставените задачи. „Прво, по итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО, второ, судските процеси пред редовните судови од надлежност на СЈО да се предадат на СЈО без отпор и одолговлекување. Секој вид отпор ќе биде нотиран во Извештајот на СЈО што се изготвува на шест месеци и што се доставува на увид на Собранието на Република Македонија. Трето, Советот на Јавните обвинители на Република Македонија да се придржува стриктно за важечката законска регулатива и целосно да ја почитува автономијата на СЈО“, порача Јанева.Физички лица поднесоа вкупно 20 кривични пријави против обвинители од тимот на Катица Јанева за малтретирање на сведоци. Обвинителката Ленче Ристоска, која е и портпарол на Специјалното обвинителство, ги негираше информациите и рече дека сведоците биле испитувано законски и дека „укажувањето на последиците од давање на лажен исказ не се малтретирање на сведоци“.„Појаснуваме дека постапувајќи согласно законот, од наша страна во целост се почитуваат сите права на лицата во постапката и тоа како сведоците така и осомничените лица. Членот 212 од ЗКП пропишува овластување и обврска на јавниот обвинител да повикува сведоци, односно лица за кои е веројатно дека ќе можат да дадат известување за кривичното дело и сторителот и за други важни околности. Притоа, согласно Законот, секое лице кое е повикано како сведок е должно да се јави на поканата. Воедно, членот 219 пропишува обврска на јавниот обвинител да го опомене сведокот дека е должен да ја зборува вистината и дека не смее ништо да премолчи, како и да го предупреди за последиците од давање на лажен исказ. Укажувањето на последиците од давањето на лажен исказ и предочување на законските можности, не се акти на малтретирање или застрашување“, рече Ристоска.Таа се осврна и на одлуката на Советот на јавни обвинители кој донесе решение дека Специјалното обвинителство незаконски ги разрешило двете обвинителки, Марија Ѓорѓева и Лејла Кадриу и демантираше дека обвинителите биле избркани со полиција. „Ние немаме судска полиција и не била користена асистенција на полициски службеници да некој биде отстранет од работа, за што сведочат и видео записите од нашите безбедносни камери. Сепак изразуваме уверување дека Советот во иднина, како професионална институција ќе појасни врз основа на кои законски одредби и процедури постапувал при оценување на законитоста на дејствијата преземени од Специјалната јавна обвинителка, со што ќе ги отстрани сите сомнежи за пристрасно и необјективно постапување“, додаде Ристоска. Според неа,медиумите не се соодветен форум за размена на аргументи и докажување и порача дека и покрај дискредитирањето на одредени политички партии, тие работат професионално и независно.„Ова е последен пат во медиумскиот простор да ја дискутираме темата за поднесени кривични пријави против обвинители и истражители од ова јавно обвинителство и правосилната размена на аргументи ќе ја извршиме со презентирање на докази пред судот. Обид за дискредитирањето дојде и од страна на одредени политички партии. Сакаме да упатиме порака до јавноста и сите политички фактори во Република Македонија, дека ние сме професионално и независно обвинителство, кое работи исклучиво согласно законот и преку почитување на правата на сите лица во кривичната постапка, ќе обезбеди спроведување на независни и професионални истраги. Се оградуваме во целост од изјавите на политичките партии кои се обидуваат работата на ова Јавно обвинителство да ја прикажат во сопствена корист. Наш единствен фокус е борбата против криминалот во согласност со надлежностите дадени со уставот и законите“, рече Ристоска. Ристоска информираше дека сé уште е во тек детално евидентирање на предадените материјали од страна на политичката партија СДСМ.„Имајќи ја предвид обемноста на истите, Ве известуваме дека пописот ќе трае колку што е потребно и за констатираната состојба ќе биде изготвен и статистички преглед, кој ќе биде дел од извештајот доставен до Советот на Јавните обвинители и Собранието на РМ“, додаде таа./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.
Македонија
Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.
Сите патни правци во државата се проодни.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

