Македонија
Јанкулоска: Мојата совест е чиста
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека нејзината совест е чиста и дека нема причина да биде загрижена, откако опозицијата објави аудио снимки за коишто тврди дека докажуваат дека власта криела детали за и за убиството на Мартин Нешкоски и за смртта на новинарот Никола Младенов.
„Нема човек кој може да биде рамнодушен на едно вакво грубо прекршување на човековите права. Сите луѓе за кои се тврди дека се дел од прислушкуваните разговори, вклучувајќи ме и мене, се жртви на опозицијата каде таа најгрубо ја злоупотребува приватноста и влегува во туѓиот живот. Меѓутоа, да одговарам директно на прашањето дали чувстувам одговорност за некои од нивните обвинувања. Мојата совест е чиста, јас точно знам дека од првиот ден работам законски и согласно сите професионални стандари. И во таа смисла јас нема потреба да се грижам. Немам никаква причина да бидам загрижена. Вистината е на моја страна и професионалниот однос е на моја страна“, изјави Јанкулоска во интервју за МРТ./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

