Македонија
Јанкулоска на распит во судот за случајот „Тврдина“

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во четврток наутро, околу 9.20 часот дојде на распит во Основниот суд Скопје 1, за случајот „Тврдина“, јави репортерот на„Макфакс“.
Според информации од Специјалното јавно обвинителство, од 9.30 часот треба да почне распитот за Јанкулоска и останатите тројца осомничени во овој случај за кои се бараат мерки за претпазливост.Првоосомничениот во овој случај е Горан Грујевски, началник на петтата управа, треба да дојде на распит попладнево околу 14 часот. За него, СЈО, бара мерка притвор за незаконското уништување на двата системи за прислушување во Министерството за внатрешни работи.
Кривичниот совет минатата недела ги укина решенијата на судијата на претходна постапка кој ги оцени како неосновани предлозите на СЈО за определување на мерка притвор за началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, и мерките за претпазливост за останатите четворица осомничени и дополнително ја оспори надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за предметот за уништувањето на опремата за прислушување.Грујевски, пред одлуката за аболиција од страна на Претседателот Ѓорге Иванов, помина неколку дена во притвор, но потоа ова мерка му беше заменета со куќен притвор. По одлуката за аболиција тој беше ослободен, но по поништувањето на истата случајот „Тврдина“ повторно влезе во судска процедура./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Без вода дел од „Киро Глигоров“, „Индустриска“ и околните објекти

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф500мм на ул.7,2 во Јазол 1 на булевар Киро Глигоров бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од булевар Киро Глигоров и Индустриска и околните објекти (ф-ми МЕРЦЕДЕС, СЛАВИЈА, ФОН факултетот и др.)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување.
Македонија
Без струја дел од Кисела Вода и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Димо Хаџи Димов – зграда број 105А и зграда број 116 во општина Кисела Вода;
· Во периодот од 09.00 до 15.37 часот, дел од корисниците во Волково улица 101, 102, 103, општина Ѓорче Петров.