Македонија
Јанкулоска не дојде на Анкетната комисија

Анкетната комисија за прислушувањето не го усвои дневниот ред за шестата седница на која како сведок требаше да се појави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која воопшто не дојде во Собрание.
Со шест гласа „за“ и осум „против“ во отсуство на независната пратеничка Роза Топузовска Кареска и членот на комисијата од редовите на ДПА дневниот ред не беше изгласан, а претседателот на Комисијата, Петре Шилегов ја затвори седницата и најави следна седница во 12 часот. На таа седница се очекува да сведочи премиерот, Никола Груевски кој своето присуство го одложи од деветти декември за денеска. Во меѓувреме членовите на Комисијата имаат координација за да го воспостават редот на поставување на прашања. Како што е договорено, кога сведочи функционер предложен од редовите на ВМРО-ДПМНЕ најпрво две прашања поставуваат членовите на Комисијата од владејчаката партија, а потоа од СДСМ и независните членови./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Петрушевски: Секогаш кога СДС е на власт, државните позиции се на продажба

Секогаш кога СДС е на власт, државните позиции се на продажба. Првин Заев, потоа Ковачевски, а сега и Филипче, го распродаваат националниот идентитет, како на пазар, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС секогаш гледа на националните интереси како на средство преку кое доаѓаат на власт. СДС сменија име, знаме, Устав. И секогаш пред да го направат предавството се колнеа дека нема да го направат тоа. По патот на Заев и Ковачевски, сега оди и ова СДС со Филипче, кој од сред Атина ја кодошеше Македонија“, рече тој.
Според него, мотивите на Филипче се јасни.
„Тој не сака Македонија да оди во ЕУ, туку Филипче сака на патот кон ЕУ да ги распродава националните интереси за да краде. ВМРО-ДПМНЕ се бори Македонија да влезе во ЕУ, по критериуми кои важеле за сите и критериуми кои се демократска вредност. Филипче не се однесува како одговорен политичар, туку бара само начин како да дојде до позиција повторно да може да мести тендери. Шемата која ја видовме со Зобек мининг е само почеток за Филипче, доколку тој некогаш би имал власт“, рече Петрушевски.
Македонија
(Видео) Тепачка меѓу советници во Општина Кочани

Советници денеска се степаа на седницата на Советот на Општина Кочани.
Како што објави Радио Кочани на паузата настанал хаос помеѓу двајца советници, а интервенирала и полицијата.
На видеото се гледа како едниот од нив фрла предмет и погодува една од вработените во Општината во глава.
Македонија
(Видео) Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Откога му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откога јавно проговоривме за сите сомнежи за коруптивни шеми со парцели и станови, за криминал и лично богатење, градоначалникот на Куманово сака да нѐ замолчи, изјави Анита Мургашанска, советничка во Советот на Град Скопје од СДСМ.
Наместо да даде одговори и отчет пред граѓаните, наместо да одговара, додаде таа, Максим Димитриевски поднел тужба дека бил навреден и наклеветен.
„Но, замислете, тужбата е за мои говори во Советот на Општина Куманово. Димитриевски се плаши од вистината и затоа сака да ја забошоти, да ги прикрие злоупотребите и да го замолчи сите што му се спротивставува и јавно му ги обелоденуваа“, рече Мургашанска.
„Јас како одговорна советничка сум гласот на граѓаните, јавно зборувам за скандалите и за сомнежите за криминал на Максим Димитриевски и така и ќе продолжам. Јасно му порачувам дека нема ниту да ме уплаши ниту да ме замолчи“, рече таа.
Мургашанска најави дека СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја негова злоупотреба и ќе бара институционална реакција од надлежните.
„Мора да се истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски. Како Димитриевски и неговиот кум заработиле 350.000 евра? Институциите мора да дадат одговор? Како тоа Димитриевски добил стан од 97 квадратни метри во центарот на Куманово за само 2.500 евра?“, праша таа.