Македонија
Јанкулоска: Во следните денови да се реагира смирено и достоинствено, но и одлучно и бескомпромисно
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на Денот на полицијата-7 мај во честитката до припадниците на МВР, ги повика во деновите кои следат да одговорат смирено и достоинствено, но исто така и одлучно, бескомпромисно и пожртвувано.
„Пред нас претстојат денови во кои креаторите на кризи, дестабилизација и анархија повторно ќе ја стават на тест приправноста, професионализмот и храброста на полицијата. На овие предизвици потребно е да се одговори на истиот начин како и до сега – смирено и достоинствено, но исто така и одлучно, бескомпромисно и пожртвувано. Во овие денови на искушенија, Вие со Вашето дело испишувате светли страници во современата македонска историја, дело на кое граѓаните Ви се благодарни и кое ќе го паметат, а идните генерации ќе знаат да го вреднуваат и споменуваат“, пишува Јанкулоска во честитката. По протестите изминативе два дена коишто се случија откако опозицијата објави наводни аудио разговори на владини функционери за убиството на Мартин Нешкоски, Јанкулоска констатира дека припадниците на МВР биле под жесток напад, најбрутално нападнати, иако реагирале професионално.Tаа ги предупредува припадниците на МВР дека претстои исклучително значаен период за Македонија, во којшто тие треба да го дадат својот максимум. „Никогаш не било лесно и едноставно да бидеш припадник на МВР. Вршењето на работата барало жртви и откажување и од Вас и од Вашите семејства. Но да се биде припадник на МВР сега, веројатно е уште потешко и посложено, затоа што претстои исклучително значаен период за Македонија во кој ќе мора секој од нас да го даде својот максимум. Можеби ќе има провокации, напади, манипулации, лажни обвинувања. Важно е да бидеме на ниво на задачата тогаш кога сме им најпотребни на граѓаните и на државата. Овие девет години спроведовме низа реформи од кои дел беа доста длабоки и бараа сериозен напор. Тие имаа за цел македонската полиција да ја реформираат во модерна, ефикасна, европска полициска служба. Затоа сум убедена дека Вие имате капацитет и знаења да одговорите на сите предизвици“, пишува Јанкулоска.Во честитката таа го споменува и нападот на полициската станица во Гошинце кога поголема група, според полицијата околу 40-тина лица од Косово, заробија четворица полицајци. Информациите дека овој напад е режиран од самата власт, за Јанкулоска се извитоперени конструкции.„Поединци веднаш се обидоа да внесат поделби и раздор инсинуирајќи дека една од варијантите била режирање на нападот од самата власт. Монструозност, која покажува на што сè може да е подготвен еден ум расипан од болната амбиција, без работа и проекти, со подметнувања да се дојде на власт. Четворицата колеги знаат, а знаат и сите оние што се инволвирани во истрагата колку се извитоперени овие конструкции. Добро е што со секој изминат ден и со секое ново сознание истите се демантираат. Затоа од Вас, граѓаните очекуваат максимално ефикасно расчистување и документирање на овој но и на секој друг случај од надлежност на МВР. Оној кој се обидел да ја нападне Република Македонија, нејзините институции и нејзините граѓани не смее да мине неказнето“, порачува Јанкулоска.Честитката на министерката започнува со пофалби и благодарност до припадниците на МВР за пожртвуваност, професионализам, хуманост и посветеност на работата.„Вашата храброст која секојдневно ја демонстрирате ќе ја помнат македонските граѓани на кои им помогнавте при поплавите и временските непогоди, кога одредени места беа отсечени од комуникација заради снежните навеви или, пак, останаа без електрична енергија. Граѓаните очекуваат да го браните и правото, слободно и демократски секој да го изрази своето мислење. Да ги штитите овие придобивки. Сепак, граѓаните очекуваат професионално и одлучно да реагирате на секој обид да се наруши спокојноста и мирот и да завладее хаос. На секое насилството и вон институционално узурпирање на волјата на граѓаните мора соодветно да се одговори“, им пиша Јанкулоска на вработените.По повод денот на полицијата во четврток во 10 часот во Министерството за внатрешни работи зграда бр.1 ќе се положува цвеќе пред споменикот на бранителите, 10:15 пред зградата на гранична полиција и во 10:45 пред споменикот на бранителите во жена парк. Во 12 часот во касарната Ѓорче Петров ќе биде отворен ден за граѓаните каде ќе биде изложена опремата од единиците во МВР. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби
ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби.
Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Очекуваме, додава тој, одлуката на судот да биде во заштита на правдата, а не соучесник во неправдата.
„Но, она коешто е уште поважно е дека СДС, партијата која соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж, затоа што не знаат што се Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДС и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други“.
Вистината е една и единствена, вели тој и додава дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите, како што истакнува, заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат.
„Затоа е и паниката и нервозата во редовите на СДС, стравот од одговорност им влегол длабоко во коски.
Судскиот процес за Груби, екс вицепремиерот и министер во владата на СДС, почнува допрва, по судските клупи друштво ќе му прават и сите негови криминогени ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Кривична за прилепчанец поради сомнеж дека фалсификувал свидетелство за да полага за возачка
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, информираат од МВР.
Според билтенот, во септември 2025 година пријавениот изработил лажна исправа – свидетелство на негово име, наводно издадено од основно училиште за завршено осмо одделение.
Како што наведуваат од МВР, тој имал намера документот да го употреби за пријавување во авто школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение.
Македонија
Перински во посета на Општина Куманово во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денес ја посети Општина Куманово, при што оствари работна средба со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на Советот.
На средбата се разговараше за повеќе прашања од значење за граѓаните и за понатамошниот развој на општината, со посебен акцент на конкретни решенија, подобра координација и поефикасно искористување на расположливите механизми за поддршка.
Перински ги информираше присутните и за динамиката на активностите на Министерството во наредниот период, при што беше нагласен јасниот фокус на институцијата – зајакнување на локалните капацитети, поддршка на развојни проекти, создавање на услови за поттикнување на меѓуопштинска соработка и подобрување на услугите за граѓаните.
Во рамки на посетата беше посочено дека од минатата недела се активни двата јавни повика на министерството, наменети за проекти што придонесуваат кон рамномерниот регионален развој — преку Програмата за намалување на диспаритетите и Програмата за рамномерен регионален развој. За оваа намена се издвоени вкупно 223.423.000 денари. „Ги охрабрувам сите општини активно да ги искористат овие повици и да аплицираат со квалитетни предлог-проекти“, порача Перински.
При посета на општината се изврши и увид во проектот „Урбано зеленило за здраво дишење“, кој се реализира во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) со Бугарија, во рамки на Приоритет 1: Позелен пограничен регион.
Проектот е насочен кон унапредување на квалитетот на животот и здравјето на граѓаните во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово преку развој на зелена инфраструктура.
„Да ги зголемиме зелените површини во градов, со цел почиста животна средина, со акцент на подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, со примена на една од долгорочните мерки за намалување на загадувањето, а тоа е оззеленување и пошумување со квалитетни садници.“, нагласи градоначалникот Димитриевски.
Вкупната вредност на проектот за Куманово изнесува 343.090 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа. Проектот опфаќа засадување на 510 дрвја и уредување на мали урбани градини на три кружни текови како и активности насочени кон подготовка на стратешки и „меки“ мерки за развој на зелената инфраструктура и зајакнување на капацитетите на партнерите.

