Македонија
Кај дилери на дрога полицијата пронајде фалсификувани документи
Министерството за внатрешни работи во неделата вечерта соопшти при претрес во домовите на тројца дилери со дрога најдени се документи и опрема кои упатуваат на тоа дека дека трите лице се поврзани со тајната работилница за фалсификување на документи за којашто пишуваше неделникот „Фокус“.
При претресот во домовите на двајцата скопјани четириесет и едногодишниот З.Б. и триесет и едногодишниот И.Б. најдени се околу два килограми прашкаста материја, 78 панцирни елеци, неколку парчиња секачи за хартија, неколку преси за хартија, апарат за обработка на пластика, поголем број на пластични фолии, налепници, фолии со амблеми, фотокопии од патни исправи на повеќе непознати луѓе, лична карта од странска држава, возачка дозвола од странска држава, голем број на фотографии од непознати, голем број на фотокопии од лични документи, компјутерска опрема, кореспонденција од електронска пошта, документи со текстови на странски јазик од банки, принтери и друго.По наредба на судија на претходна постапка дополнително е извршен претрес и во домот на 48-годишен скопјанец со иницијали С.А.Таму, покрај компјутерска опрема пронајдени и одземени се принтери, хартија во различен формат, фолии и друго. И тројцата се приведени.Досегашните вештачења покажуваат дека личната карта и возачката дозвола од странската држава се фалсификувани.Поради големиот број на пронајдени и одземени предмети, за кои има сомневања дека потекнуваат или со нив се извршени и голем број на други кривични дела, полицијата продолжува со истрагата и со обработка и анализа на податоците.Од МВР официјално нема потврда дали оваа акција е поврзана со тајната работилница. Јавното обвинителство во саботата соопшти дека е најдена тајната работилница за фалсификувани лични карти, дека се уапсени три лица, но друго ништо не соопшти./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.
Македонија
Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа
Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Доколку се следат податоците од апликациите кои ја мерат загаденоста на воздухот, Скопје и утрово е град со многу висока загаденост. Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Најзагаден воздух утрово дишат жителите на населбата Илинден.
Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот на алармирање. Загадувањето во Скопје е децениски проблем особено во зимскиот период и времетраењето на грејната сезона.
Македонија
Студено утро со измерени -5 степени во Берово
Најстудено изутринава е во Берово, каде се измерени – 5 степени, по што следуваат Битола и Струмица, -4, Скопје-Петровец и Штип, – 3, Демир Капија, Велес и Куманово, – 2. Во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Mаврови Анови и Претор температура од – 1, Крива Паланка, Попова Шапка, 0, Охрид, 1, Виница и Kрушево 2, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
УХМР најави дека до вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

