Контакт

Македонија

Канческа – Милевска тврди изведувањето на Музејот на ВМРО е чисто како солза

Објавено пред

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, по објавата на новата истрага од Специјалното јавно обвинителство „Тендери“, која се однесува на, според неа, партерното уредување околу Музејот на ВМРО, вели дека сите предмети се чисти како солза.

dobivaj vesti na viber

Таа, на прес-конференција во четврток, покажа документација, со која, смета дека докажала дека постапката за изведба на партерното уредување околу музејот, паркингот и гаражирањето и сообраќајниот пристап, кои се дел од договорот број 10, е транспарентна и навремена.„Сите проекти се согласно законите, и се одобрени за функција. Сите премети се чисти како солза. Ќе го поткрепам со аргументи со докази во однос на предметот кој беше кажан на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство“, рече Канческа – Милевска.Таа појасни дека навремено е објавен оглас, кој се однесува на набавка за партерно уредување околу музејот. „Со објавувањето во Службен весник, транспарентноста е во целост испочитувана. Од евидентниот лист може да се види дека за истата имаат подигната тендерска документација 4 фирми“, рече министерката.СЈО во однос на истрагата „Тендери“, смета дека е направена повластица на фирмата „Бетон“ од Штип, на која и е доделена работата, пред да се објави оглас за тендер, и без да се потпише договор се почнало со работа, а условите се пишувале за да може да учествува само таа фирма.„Сите изнесени обвинувања од страна на (обвинителката Фатиме) Фетаи ги отфрлам во целост. Тезите на Фетаи се рекла-кажала, трач муабети, груба манипулација со која сака да стави дамка на моето работење и на Министерството за култура“, рече Канческа-Милевска.Во однос на условите, министерката рече дека  СЈО може да ги провери и да истражи дека постојат најмалку 20 економски оператори кои одговараат на критериумите. Така, појасни се барала фирма која има позитивно финансиско работење во последните три години, најмалку да има изведено за три објекти за последните 5 години како самостоен изведувач или како носител на набавката, да поседува лиценца А и да има најмалку 50 вработени.Канческа – Милевска рече дека овие документи кои ги стави на увид на новинарите и на јавноста СЈО имало можност да ги провери затоа што му се доставени пред два дена, но како што рече, тие прво најавиле прес-конференција за две нови истраги, а потоа ги зело документите.  „Денеска се објави обвинение за предмет каде не постојат ни докази ни документи, кој не е истражен. Не може да кажете дека нешто прво се градело, а потоа се објавило оглас, без да проверите градежни книги, времена ситуација, надзор, сите количини на изведени работи“, рече Канческа-Милевска која цел час потоа ја објаснуваше и ја покажуваше документацијата.Случајот наречен „Тендери“ се однесува за период од 14.6. 2011 година до 31.12.2013 во Скопје, во кој првоосомничена е раководно лице од Министерство за култура и членовите на Комисија за јавни набавки од министерството, кои на правното лице ГТД „Бетон“ Штип им овозможиле незаконско повластување, за изведување градежни работи во Музеј за македонската борба за државност.Пред да се објави оглас за услуги спротивно на принципите на конкуренција, пред да се донесе одлука за тоа првоосомичнената донела одлука кој да ја добие и да ја заврши работата.Сведок за овој случај е тогашен генерален директор на „Бетон“ Штип и вели дека добил можност да ги продолжи работите каде веќе работеле на други изведби, а да не се чека 20 дена за да се објави новиот оглас за новите градежни работи. Отпосле биле објавувани огласи, бил потпишуван договор, а „Бетон“ веќе ги изведувал работите. Договорено било во огласот да се предвидат услови што може само Бетон да ги исполни.Биле исплатени близу еден милион евра на сметка на „Бетон“, за изведба на овие градежни зафати, или 54.501.336 денари.Од СЈО најавија дека за лицата инволвирани во овој случај ќе бараат од судот посебни мерки за обезбедување присуство, но не притвор./крај/мф/бб

Македонија

Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;

· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;

· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска дел од Бутел

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Времето во наредните денови

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 час

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа2 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа2 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион2 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет3 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија12 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија18 часа

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија19 часа

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија20 часа

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ21 час

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...

Македонија23 часа

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Македонија24 часа

Бубевски: Стојам зад секоја одлука која сум ја донел, за навредите ќе поднесам тужба ако не добијам извинување

Поранешниот обвинител од специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ги отфрла сите наводи за какво било влијание и вели дека стои зад...

Македонија24 часа

„Спасовски вршел притисок врз обвинителите во СЈО за кои луѓе да се гонат, Катица Јанева работела по наредба на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и...

Македонија1 ден

„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ

„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра...

Европа1 ден

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет1 ден

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет1 ден

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет1 ден

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...