Македонија
KKCG најавува два главни бренда – Qinshift (Киншифт), технолошка компанија за развој на софтвер и „Арикома“, провајдер на целосни ИКТ-услуги
ИТ холдинг-компанијата Арикома, која е дел од KKCG групацијата, објавува дека ќе работи под два главни бренда за да ја утврди својата позиција како меѓународен лидер во областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите кои се фокусирани на развој на наменски софтвер ќе работат под брендот Qinshift, а останатите компании од групацијата ќе го усвојат брендот Арикома.
Во последниве шест години, технолошкиот столб KKCG порасна во водечки ИТ играч во Европа, со годишни приходи од речиси 500 милиони евра (11,7 милијарди чешки круни) и има вработено повеќе од 4000 експерти во 13 компании.
Оваа промена ќе овозможи дополнителна специјализација во рамки на технолошкиот столб на KKCG, со што секоја компанија ќе може да се фокусира на своите основни компетенции, поттикнувајќи понатамошен раст и поголема вредност.
„Дојдовме до точка нашите операции да се доволно обемни и сеопфатни со што можат да формираат две посебни, специјализирани компании,“ вели директорот за инвестиции на KKCG, Михал Томанек. „Веруваме дека основањето на Qinshift и освежувањето на оригиналниот бренд Арикома ќе биде катализатор за раст на двете компании и дека ќе ѝ помогне на нашата групација уште поефикасно да се натпреварува на светскиот пазар.“
Qinshift ќе интегрира шест компании со експертиза во дизајн на софтвер, комплетни корпоративни решенија, UX и UI дизајн, управувани услуги и иновативни понуди за развој на производи. Qinshift исто така ќе дава и деловни консултантски услуги. Компанијата опслужува разновидни клиенти, вклучувајќи големи телекомуникациски и сателитски оператори, финансиски институции, производствени и автомобилски компании, како и организации за мобилност и здравствени услуги, овозможувајќи им да напредуваат во дигиталната ера.
Сеавус, скандинавска компанија за развој на софтвер, и Stratiteq, компанија специјализирана за анализа на податоци со седиште во Шведска, ќе бидат првите компании кои ќе се приклучат на Qinshift на почетокот на септември. Cleverlance, чешкиот и словачки лидер во обезбедувањето услуги за дигитализација на бизнисот, како и дел од чешката корпорација Komix, која има силно присуство во автомобилската индустрија, ќе им се приклучи на почетокот на декември. Интеграцијата ќе биде завршена до крајот на 2024 година со вклучување на Clearcode, светски партнер за развој на софтвер за рекламирање и маркетинг (AdTech & MarTech), и Musala Soft, компанија со седиште во Бугарија која работи со големи клиенти (blue chip companies).
„Како бренд, Qinshift ги рефлектира нашите основни вредности, обединувајќи колектив кој е мотивиран од страста за работа и желбата за градење цврсти, партнерски односи со клиентите. Новиот бренд и идентитет ќе обединат неколку извонредни компании од нашето портфлио, сплотувајќи ги нивнатe силни страни, експертиза и наследства. Со пристап насочен кон луѓето, со вкупен приход од 200 милиони евра, 3500 професионалци, преку 300 клиенти и 28 канцеларии во светот, нашата цел е да станеме доверлив и посакуван партнер за дигитална трансформација,“ изјави извршниот директор на Qinshift, Лудовик Гауде.
Целта на Qinshift е да се прошири низ Европа, САД, Северна Африка, а на крајот и низ Латинска Америка, интегрирајќи врвни услуги за вештачка интелигенција во своето сеопфатно портфолио.
Арикома ќе обедини брендови фокусирани на ИТ инфраструктура, клауд услуги, корпоративни апликации, сајбер безбедност и дигитализација на јавниот сектор. Ќе ги опфаќа следниве компании: Autocont, лидер на локалниот пазар во ИТ услуги; AEC, експерти за сајбер безбедност; CES EA и дел од Komix, развивачи на софтвер за јавниот сектор; и Internet Projekt, експерти за е-трговија. Постепениот процес на ребрендирање ќе биде завршен на крајот од годината.
Овогодинешните аквизиции, SAP-фокусираните Sabris Consulting и Consulting 4U како и развивачот на софтвер за јавниот сектор SYSCOM Software ќе се приклучат кон брендот Арикома подоцна.
„Ова претставува возбудлив чекор во равојот на Арикома. Во последниве три децении, колегите од нашите компании посветено ја градеа Арикома, која прерасна во центар на искуство и експертиза во ИКТ решенијата,“ рече извршниот директор на Арикома, Милан Самеш. „Под едно име, ќе се етаблираме како активен, доверлив и динамичен партнер во дигитализацијата и на јавниот и на комерцијалниот сектор, како во Чешка така и во остатокот од Европа. Нашите првични планови за проширување ги опфаќаат земјите од регионот DACH, Германија, Австрија и Швајцарија, каде гледаме многу потенцијал,“ додаде тој.
Специјализацијата и агилноста на двете компании, кои истовремено минуваат низ процес на спојување на поединечни компании, ќе создаде подинамична средина за поттикнување соработка, иновативност и подобро опслужување на разновидната и престижна меѓународна база на клиенти, и од јавниот и од приватниот сектор.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

