Македонија
„Кривиот пишува кривични“ – шарените повторно ги обоија старите мети
Поддржувачите на движењето „Протестирам“ во петок вечер повторно одржаа протест на вообичаената рута во центарот на градот, а прва мета на Шарената револуција беше фонтаната „Воин на коњ“, која повторно беше обоена.
Под мотото „Кривиот пишува кривични“, вечерашниот протест беше во знак на поддршка за седумтемина осомничени во Скопје и 26 во Битола, кои заработија кривични пријави за фрлање боја и оштетување на имот.Како и вообичаено, протестот започна пред просториите на СЈО, а потоа демоснтрантите се упатија пред Владата и Собранието. Повторно кон овие објекти беше фрлана боја со помош на чатал.Говор пред Собранието одржа Исмаил Малиќи – Ицко, кој е меѓу оние што доби кривична пријава, кој рече дека тоа нема да го заплаши и дека ќе продолжи со своите активности како и досега.На протестот обраќање имаше и Фросина Ременски од СДСМ, која се шегуваше на сметка на поранешниот премиер Никола Груевски, откако се појавија аудио снимки на кои наводно тој се советувал со некоја гатачка.Осма недела по ред се одвиваат протестите, кои имаат за цел оставка на претседателот Ѓорге Иванов, формирање преодна влада, како и вклучување на граѓанскиот сектор во преговорите за излез од политичката криза. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

