Македонија
ЛП не може да ги добие потврдите за неосудуваност
Либералната партија не моеж да ги добие потврдите за неосудуваност за кандидатите за пратеници, со што и се попречува учеството на оваа партија, на претстојните предвремени,парламентарни избори, закажани за 11 декември.
Имено, од Осносвниот суд Скопје 1, кој е надлежен за издавање на овие потврди биле известени дека нема да биде во можност да биде завршено во законски потребните рокови, по што Либералната партија се обрати до Државната изборна комисија.
„Ве известуваме дека во текот на денешниот ден наидуваме на проблем во издавањето на потврдите за неосудуваност на кандидатите за пратеници од Либералната партија.
Конкретно, при доставата на документите, усмено сме известени дека надлежниот суд Скопје 1 Скопје веројатно нема да биде во можност да ги издаде потребните документи во следните седум дена. Предупредуваме дека со тоа државата ќе спречи регистрирана политичка партија, во конкретниот случај – Либералната партија – да поднесе кандидатски листи за претстојните парламентарни избори“, се вели во известувањето од ЛП до ДИК.
Бараат навремено ДИК да ги преземе сите мерки да не се прават административно-политички пречки на политичките партии кои ќе настапуваат самостојно на изборите.
„Нема да дозволиме државата узурпирана од четири партии да не спречи во правото на политичко дејствување и остварувањето законски права. Знаеме дека сме им проблем, затоа што не сакаме да играме по туѓи ноти. Ги известуваме и сите амбасади за овие опструкции. Сакавте Пржино? Сега спроведете го на дело“, вели претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

