Македонија
Македонија ги чува границите на Шенген зоната, но не ѝ се дозволува членство во НАТО и ЕУ
Македонија ја чува Шенген зоната и Европската граница, но не нѝ е дозволено да бидеме дел од НАТО и ЕУ. Членството во овие организации не значи само права туку и обврски. Ние покажавме дека сме спремни да ги исполниме тие обврски, вели во неодамнешното интервју за влијателниот регионален портал Balkan Defense министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Говорејќи за членството на Македонија во Алијансата министерот Јолевски посочи дека полноправното членство на Македонија во НАТО и ЕУ е клучен приоритет на Владата на Република Македонија и дека истото ќе придонесе кон поголема стабилност и безбедност во регионот и пошироко. Тој истакна дека Македонија е спремна да стане дел од НАТО и дека државата ги исполнува сите критериуми за влез во Алијансата. Во однос на мигрантската криза Јолевски изјави: „Начинот на кој Република Македонија се соочува со мигрантската криза е уште еден аргумент зошто мојата држава ја заслужи поканата за членство во НАТО. Ние покажавме дека имаме капацитети кои придонесуваат кон безбедноста на Алијансата“. Министерот ја цитираше и американската конгресменка Кандис Милер, која рече дека македонските војници ги чуваат шаторите на НАТО во Кабул, но не им е дозволено да спијат во нив. „Денес Македонија ја чува Шенген зоната и Европската граница, но не нѝ е дозволено да бидеме дел од НАТО и ЕУ. Членството во овие организации не значи само права туку и обврски. Ние покажавме дека сме спремни да ги исполниме тие обврски. Ние придонесуваме кон безбедноста на европскиот континент, придонесуваме кон справувањето со мигрантскиот проблем, но не можеме да ги уживаме предностите од Евро-Атлантските структури. НАТО и ЕУ даваат голема поддршка за Македонија, но ние заслужуваме да станеме целосни членови во овие организации“, додаде министерот. Во интервјуто Јолевски се осврна и на развојните процеси во Армијата на Република Македонија. Тој посочи дека АРМ е мала, мобилна, ефективна и добро опремена армија која редовно се справува со сите предизвици со кои се соочува. Нашите цели, рече министерот, се да ја подобриме армијата уште повеќе. „Македонија е мала држава, но нејзините граѓани имаат силна волја, дух, интегритет и силен мотив да живеат во мир, безбедност и развој. Тоа се одразува во припадниците на Армијата кои отсекогаш ја уживале силната поддршка на граѓаните од самото осамостојување на државата. Таа доверба тие ја заслужија преку нивните дела, преку помошта дадена на граѓаните на Република Македонија во случаи на временски непогоди, во ситуации на ризик и во предизвици на нашата безбедност“, истакна министерот за Balkan Defense./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

