Македонија
Македонија со низа настани ќе го одбележи прогласувањето на Мајка Тереза за Светица
Прогласувањето за Светица на светската хуманистка, Мајка Тереза, Република Македонија ќе го одбележи со низа настани што се подготвуваат на достоинствен начин.
Според првичните информации, во Скопје, родниот град на Мајка Тереза, ќе биде приредена Татковинската прослава, насловена како „Месец на Св. Мајка Тереза“, проследена со богата програма на активности и манифестации.
На 4-ти септември, кога папата Франциск во Ватикан ќе ја прогласи Мајка Тереза за Светица, во капелата на нејзината Спомен куќа во Скопје ќе биде одржана свечена свет Евхаристија. Во чест на канонизацијата на Мајка Тереза во септември ќе бидат одржани повеќе миси во католичката црква, изложби, концерти, прикажување на филмови за живот и делото на светски познатата мисионерка. Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе биде одржана Свечена академија, како и пригодна академија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Во рамки на татковинската прослава ќе биде организирана и хуманитарна акција, додека централниот настан ќе се случи на плоштадот Македонија. На местото на родната куќа на Мајка Тереза е предвидена духовна програма, а ќе биде прогласено и Светилиште на Св. Мајка Тереза.
Во март годинава беше донесена одлука за канонизација на Мајка Тереза. Декретот го потпиша папата Франциск, кој на 4-ти септември во Ватикан ќе ја предводи церемонијата, на која ќе присуствува и делегација од Република Македонија. Воедно во Рим, ќе биде претставена изложба на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на големата хуманистка, што ќе ја реализираат Министерството за култура и Националната установ Спомен куќа на Мајка Тереза.
Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква. Церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, која беше чекор кон нејзино прогласување за Светица беше одржана на плоштадот Свети Петар во Рим во 2003-та година, на која присуствуваа над 300 илјади верници. Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори, додека на церемонијата присуствуваше имногубројна македонска делегација, предводена од подоцна трагично загинатиот претседател Борис Трајковски./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

