Македонија
Македонските политичари му честитаа победа на Трамп
Честитки за изборот за претседател на САД на Доналд Трамп, во среда упатија македонските политичари, при што од владејачката ВМРО-ДПММНЕ порачаа дека ќе ги продлабочат односите меѓу двете држави, а од опозициската СДСМ изразија жалење што САД нема да ја добие првата жена претседател.
По завршувањето на пребројувањето на гласовите и заедничкото следење во хотелот „Александар Палас“, Влатко Ѓорчев рече дека владата и ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапат кон продлабочување на односите меѓу САД и Македонија.
„По завршувањето на американските избори кој што беа и за претседател и за третина од Сенатот за целиот Конгрес и по завршување на изборите на 11 декември и по формирањето на владата на ВМРОДПМНЕ, ќе пристапиме кон она што се нарекува одржување, развивање и продлабочување на односите меѓу двете држави и народи“, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРОДПМНЕ.
Радмила Шекеринска од СДСМ, оцени дека ова беа едни од најинтересните и најнепредвидливите избори во САД.
„Како жена не можам да кажам дека не жалам што една од најмоќните држави во светот не ја доби првата жена претседател. Но, американските избори покажаа две важни работи, а тоа е дека дури и големата медиумска поддршка на одредени кандидати и одредена политичка партија не е доволна доколку граѓаните бараат промена. Јас сум убедена дека таа порака ќе ја испратат македонските граѓани и на 11 декември“, рече Шекеринска.
На претседателските избори 2016 во САД, Доналд Трамп беше избран за 45-от претседател на најголемата светска сила./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

