Македонија
МАРнет го демантира Кирацовски: Од 2014 не регистрираме домени
МАРнет најостро ги демантира тврдењата на дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски изнесени на прес конференција, кога рече дека дека компанијата намерно не сакала да ја регистрира страната zbogumnikola.mk, што СДСМ ја побарала.
„Според европските директиви за либерализација на пазарот на национални домени, од 1 Април 2014 година согласно Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен и врвниот македонски .МКД домен, МАРнет не врши регистрација на домени, а правото за регистрација на домени МАРнет го пренесе на приватни регистрари“, се вели во реакцијатаРегистрарите имаат целосно овластување самостојно да извршат регистрација на домен кој што е слободен во моментот на регистрација односно не е зафатен, а регистрацијата на домените Регистрарите ја вршат без претходно одобрување од страна на МАРнет односно МАРнет нема никаков пристап при самиот процес на регистрација на домен кој што го врши Регистрарот, а аналогно на тоа не може да даде ниту пак дава какво било одобрување за регистрацијата на одреден домен, додаваат од компанијата.„Господинот Кирацовски обвинува дека МАРнет овозможил кражба што претставува сериозна клевета врз институцијата. Во функција на дополнителен заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација Кирацовски е должен да биде целосно запознаен со начинот на работа и функционирање на МАРнет и процесот на регистрација на домен пред да изнесе невистинити тврдења кои го нарушуваат угледот на институцијата“, се вели во сооптението од МАРнет.Кирацовски на прес-конференција рече дека неполни 24 часа откако СДСМ го купила називот zbogumnikola.mk, истиот бил продаден на извесен Новаков, индивидуален земјоделец од населба Речани, Велес кој од страна на МАРнет е заведен како корисник, а потоа сопственоста на називот на странцата e префрлена на Друштво за трговија и услуги „Соле пром“ со седиште во Скопје./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.