Македонија
Матичните лекари електронски ќе ги добиваат лабараториските резултати
Во наредниот период , Фондот за здравствено осигурување, ќе ги поврзе матичните лекари со сите лаборатории од примарно ниво, со кои Фондот има склучено договор.
Имено, резултатите од крвните анализи директно ќе бидат прикажани на софтверот на матичните лекари и пациентот нема да има потреба да се враќа со резултатите во хартиена форма кај својот лекар, беше најавено во четврток на промоцијата на новиот софтвер кој треба да ја намали употребата на хартија.Во договорите со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања, кои се трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија. Овие превентивни мерки се спроведуваат на 1,3 милиони осигуреници на возраст од 14-65 години. „Целта на воведување на превенција на овие три најчести заболувања е да придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20 отсто од капитацијата секој месец.До имплементацијата на новиот софтвер, процесот на спроведување на превентивни цели кај матичните лекари одземаше многу време поради обемна административна процедура. Со новиот софтер се заменува употребата на досегашните хартиени обрасци. Имено, матичниот лекар за секој пациент досега печатеше седум хартиени обрасци. Тоа изнесува повеќе од девет милиони печатени обрасци за две години кај матичните лекари. Со новото софтверско решение ние овозможуваме целосно електронско работење и исфрлање на хартијата од употреба за превентивните цели. Бенефит од ова имаат и матичните лекари, заштедуваат околу шест милиони денари годишно за тонери, хартија, принтери и сервисирање. Матичните лекари од 1 јули 2015 година веќе немаат потреба да ги печатат хартиените обрасци за реализација на цели, а податоците за досега извршените превентивни прегледи на 850 илјади осигуреници се разменија со информатичкиот систем на Фондот. „Со оваа административна гиљотина кратиме пополнување на хартиени обрасци со податоци за здравствената состојба и лабораториските наоди. Сега, електронски се внесуваат податоците и преку новиот софтвер се врши автоматска размена со Фондот“, рече директорот на Фондот Сашо Стефаноски.„Дополнителен бенефит за Фондот и за матичните лекари е тоа што се смалува просторот за грешки, ќе се зајакне контролата, бидејќи освен теренска, проверката на точноста на податоците за реализација на целите, контролорите на Фондот ќе вршат увид и контрола кај матичниот лекар од своето работно место. Фондот досега со ограничен персонал ги контролираше исполнувањето превентивни цели на хартија, а сега со софтверското решение, истите може да ги контролира и проверува електронски. Истовремено, се овозможи на самите матични лекари да добиваат нотификации во случај на некомплетни податоци, или непрецизности при доставата на податоците за остварена превентивна цел.За Фондот, но и за здравствениот систем во целост, софтверот претставува реална база на податоци за хронично болни пациенти од дијабет, кардиоваскуларни и нефролошки заболувања. Тоа значи дека во секој момент имаме увид во здравствената состојба на населението по возраст, по населено место, регион, колкав е бројот на пушачи, колкав е бројот на лицата со прекумерна телесна тежина, колку малолетни лица се корисници на опојни дроги. Ваквите прецизни податоци се темел за современи и ефикасни здравствени политики но и основа за креирање на стратегии за намалување на заболувањата“, појасни директорот Рамадани./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.
На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.
Македонија
Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.
Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

