Македонија
Meџити: Со 34,5 милиони евра ќе се гради кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“
Одлука за инвестиција во вредност од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза’“ во Скопје е донесена денеска на седница на Владата.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција попладнево информираше дека кампусот ќе има амфитеатар, канцеларии за академски дел, спортска сала, базен, менза. Ќе биде модерен комплекс со сите потребни елементи за подобар стандард за студентите, најави Меџити.
Овој проект, рече тој, не е само обична градба, туку симбол на нашата визија за светла иднина за младите и за нашата земја.
– Со децении генерациите сонувале за ваков образовен центар кој ќе го збогати не само знаењето туку и душата на целата нација. Денеска тој сон се остварува. Во Универзитетот „Мајка Тереза“ се запишани околу пет илјади студенти од цела земја. Проектот е спремен. Доставен е до Министерството за транспорт. Зборувавме со министерот Александар Николоски и заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири, работат интензивно да се добие дозволата за градба која ќе биде еден од условите заедно со финансиската основа да се отвори тендер. Се подготвуваат постапките. Ќе се добие и дозвола за градба, што е предуслов за отворање, односно за камен темелник на кампусот, рече првиот вицепремиер.
Според Меџити, започнувањето на процедурите за изградба на овој универзитетски кампус од страна на новата Влада е повеќе од потребно и од посебно значење за создавање на најдобри услови за младите и за нивно задржување во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

