Македонија
Медарски: Случајот Кежаровски е удар врз слободата на изразувањето
Пресудата за новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски е исклучителен удар врз слободата на изразувањето во Македонија, изјави на јавната седница во Апелациониот суд, адвокатот на Кежаровски, Филип Медарски.
Тој ги повика судиите внимателно да ги прочитаат двата текста објавени во весникот „Репортер 92“ и да утврдат дали воопшто е откриен идентитетот на заштитениот сведок. Во текстовите, сведокот бил напишан како „штипјанецот Златко“ иако тој не е од Штип, туку од Ореше и со ништо друго не се откривал идентитетот на сведокот. Ако бил откриен идентитетот на загрозениот сведок, зошто во 2010 година судот му дава статус на заштитен сведок, прашува Медарски.Тој наведе два примери на пресуди од хашкиот трибунал за осудени новинари за оддавање на идентитетот на заштитен сведок кои добиле само парични казни, а највисоката затворкса казна била три месеци.Исказ пред Апелациониот суд даваа и другите адвокати на обвинетите. Љубомир Михајловски, адвокатот на обвинетиот истражен судија во случајот Ореше, Валентин Зафиров праша дали со ова судење сака да се покрие лажниот исказ на заштитениот сведок во случајот Ореше, бидејќи според него, судот и јавното обвинителство не сака да го расчисти овој случај.Се очекува исказ пред судот да дадат и обвинетите во случајот Ликвидација, а одлуката на судот може да се очекува најкасно во рок од триесет дена.Кежаровски е осуден на 4,6 години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше. Во селото пред десетина години беше убиен Лазар Милошевски, а за убиството им се судеше на браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски, а како нарачател беше осомничен Ѓоре Петровски кој живее во САД и кој наводно сакал да му се одмазди на старецот за обид за убиство од пред 15 години. Во март годинава, браќата беа ослободени, но заштитениот сведок во случајот, Златко Арсовски Бреза даде изјава дека изјавата ја дал под притисок на полицијата и ДБК и дека била лажна./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

