Македонија
Медиуми: Во борбите во Сирија загинал македонски државјанин
Даесет и четиригодишен Албанец од Македонија загинал како припадник на борбени формации во Сирија. Според приштинскиот весник Bota Sot, станува збор за жител на скопското село Сарај, со иницијали Б.Ш .
Веснико се повикува на информации добиени од страна на семејството на загинатот во Сирија, кои изјавиле дека тој бил убиен во текот на борбите во четвртокот. Според нив младиот од Сарај заминал доброволно за да се бори во Сирија. Истиот извор не наведува дали загинатиот се борел на страна на ултрарадикалната организација Исламска држава или за други паравоени формации на боиштото во Сирија.Неодамна македонските претседател Ѓорѓе Иванов, изјави дека на блискоисточните боишта во моментов се борат околу 60-ина македонски државијани.Последен потврден случај на загинат македонски дражавјанин во Сирија во август 2014 година за дваесет итригодишниот Бурхан Беслими од скопската населба Гази Баба, загинал како борец на една од радикалните исламистички сили на боиштето во Сирија. Тогаш беше објавено дека според непотврдените информации, Беслими во Сирија се борел во редовите на џихадистичкото движење Исламска држава под името Абу Бакр ал-Сидик. Во јануари истата година порталот на алабански јазик Portalb јави дека 22-годишниот Алим Османи од Скопје тогаш беше четвртиот Албанец од Македонија кој загинал во Сирија борејќи се на страната на Слободната сириска армија (FSA) против војската на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Веста тогаш ја потврдија неговите најблиски кои изјавиле дека Османи заминал во Сирија во средината на минатата 2013 година за да им се придружи на бунтовниците кои се борат против власта на Асад.Во мај 2013 година беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на Џабхат ан-Нусра односно сириското крило на Ал Каеда.Потоа беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулахи. Тој загинал во жестоките борби меѓу сириските бунтовници и милициите на Курдите во Сирија кон средината на јули кај Рас ал-Аин каде им беше нанесен тежок пораз на борците на движењата Фронтот ал-Нусра во кој според разузнавачки информации се борат и платеници и исламски фундаменталисти од Босна и Херцеговина, јужна Србија, Косово и Македонија.Минатата седмица во трето продолжение на акцијата „Ќелија“ петмината македонски дравјани кои беа уапсени во Турција под сомнение дека се припадници на терористичката Исламска држава и радикализирани од џихадисти во Македонија и посетувале верски предавања на радикални имами во нивните градови каде започнало нивното индоктринирање и радикализирање во кое биле инволвирани лица опфатени во претходните акции „Ќелија“. Првите 11 уапсени кои се товарат дека соработувале со екстремната сунитска организација Исламската држава ја признаа вината и се осудени, а во акцијата „Ќелија 2“ беше поднесена кривична пријава против седум лица, четворица беа уапсени, а тројца недостапни за полицијата./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

