Македонија
Мијалков пристигна во суд
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање кој беше повикан на распит во Кривичниот суд за случајот „Трезор“, пристигна во судот, јави репортерот на „Макфакс“.
Во текот на денот во судот, покрај поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, треба да се појават и за уште двајца осомничени во овој случај.Повикани се на распит кај судија на претходна постапка, за да се одлучи за барањата од Специјалното јавно обвинителства за одредување мерки за претпазливост.Претходно, судот го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство, на Горан Грујовски, шефот на Петтата управа да му се одреди притвор.Како што јавува нашиот репортер, околу судот има големо полициско обезбедување, исто како и минатиот пат, кога Мијалков беше на распит во судот, затоа што во ист ден се одвива и судењето за „Диво насеље“. На новинарите не им се дозволува да се приближат до службениот влез во судот за да фотографираат.Специјалното јавно обвинителство го отвори случајот „Трезор“, кој се однесува на набавка на опрема за комуникации за потврдите на Упоравата за безбедност и контраразузнавање, за која постојат наводи дека е платена многу поскапо и дека преку неа се исцицале близу милион евра од Буџетот на Република Македонија непотребно.Поранешниот директор на УБК е осомничен и за случајот „Тортура“, каде се работи за начинот на апсење на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

