Македонија
Министерот Јолевски се обрати пред прворангираните војници во проектот „АРМ- мој вистински дом“
Денеска во Домот на АРМ, 32 припадници на Армијата на Република Македонија кои се прво-рангирани на ранг листата за купување на стан преку проектот „АРМ- мој вистински дом“ имаа можност дополнително да се запознаат со првата зграда и станбените единици. Тие денес го извлекоа и бројот на станот кој ќе имаат можност да го купат по најповолни услови.
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, им честита на припадниците на Армијата и истакна дека камен-темелникот за првата зграда ќе биде ставен многу брзо, односно уште идната недела. „Чест ми е што присуствувам на овој настан на кои ќе се доделат броевите за 32 стана од првата зграда од овој значаен проект. Досега за купување на стан се пријавија над 250 лица, а веќе следната година ќе започне изградбата на сите преостанати станови, планирани со овој проект“, додаде министерот Јолевски. Условите за откуп на становите, посочи министерот, се многу поволни. Министерството за одбрана обезбедува земјиште, ја плаќа подготовката и изработката на проектот, ги плаќа комуналните такси, како и каматата кон банката која ќе обезбеди кредитирање, односно Шпаркасе банка. На барање на припадниците на АРМ, учеството е намалено на 20%, а остатокот од цената на станот ќе се отплаќа на 240 еднакви рати, односно 20 години.Идејата е, информираше министерот, да се изгради еден современ комплекс каде ќе има подземни паркинзи, современи станови, а ќе се внимава и на уредувањето на околината на овој комплекс за припадниците на Армијата на Република Македонија. /крај/со/ст
Извор: МО
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

