Македонија
Министерот за правда Џафери се сретна со претставници од Секторот за правда на САД
Министерот за правда Валдет Џафери, во четврток оствари средба со претставници од Секторот за правда на САД: Кетрин Њукомб, Ерик Трини и Дана Мулхаусер и со претставници од Амбасадата на САД: Леви Смили и Адриан Исмаили.
Тие престојуваат во Република Македонија по повод одржувањето на Конференцијата за заштита на верските слободи и спречување на дискриминацијата и на насилството.Министерот Џафери во текот на ова средба известуваше за преземените чекори од страна на Министерството за правда во однос на инкриминација на јазикот, омразата и дискриминацијата врз основа на полот, расата, верата, религијата. Исто така министерот Џафери ги извести претставниците на Министерството за правда на САД за работната група која е оформена во рамките на Министерството за правда со претставници од различни институции.Во текот на ова средба министерот Џафери изрази спремност за секоја соработка и помош која доаѓа од страна на САД во насока на размена на искуствата од ова област но и од други сфери од правосудството. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

