Македонија
Министерството се координира со граѓанскиот сектор во заштитата на животната средина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/ekologija-3.jpg)
Првите луѓе во Mинистерството за животна средина и просторно планирање во среда се сретнаа со невладините организации кои делуваат во животната средина со цел да разменат информации околу заштитата на животната средина во Македонија.
„Предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средина се навистина големи и комплексни, а активностите што ги спроведуваме и што допрва треба да ги спроведеме бараат сериозен пристап, голем ангажман, но и развиен дијалог и добра координација помеѓу централната и локалната власт и граѓанскиот сектор“, рече министерот Нурхан Изаири.
На средбата, најширока дискусија се разви за состојбите и мерките што се преземаат за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, за најновите информации за активностите на Југохром, за можностите од намалување на загадувањето на воздухот предизвикано од застарениот возен парк и прекумерната употреба на возила.
Беа покренати прашања и за заштита на националните паркови Маврово и Галичица, како и за прогласувањето на Шар Планина за национален парк. Исто така се разговараше и за најавените градби во Лазарополе.
Од страна на невладините организации се покрена и прашањето околу новиот тарифник за води, за што министерот Изаири информираше дека за таа тема ќе бидат организирани дополнителни средби. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.