Македонија
МОН: Успешна соработка со Велика Британија на полето на образованието
Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми во четврток оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Чарлс Едмунд Гарет.
Министерот Адеми го искажал своето задоволство од соработката меѓу Министерството за образование и наука со Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, со што учениците во Република Македонија ќе учат по истите наставни програми и од истите учебници како и учениците од Велика Британија, адаптирани на нашите национални особености.
Од МОН соопштуваат дека досегашната успешна соработка меѓу двете земји се остварува и преку стипендиите за втор циклус студии во Велика Британија во рамките на Британската Чевенинг програма за стипендии и Британскиот Фонд, која е една од најпрестижните програми за стипендии, наменети за меѓународни студенти за студирање во Обединетото Кралство.
Чевенинг стипендиите, како што е познато се глобална програма на стипендии на Велика Британија, финансирани од страна на Foreing and Commonwealth Office и неговите партнерски организации. Стипендиите се наменети на исклучителни кандидати со лидерски способности во повеќе области. Оваа програма нуди исклучителни можности за студентите да продолжат со своето образование на магистерски студии на најпрестижните универзитети во Велика Британија.
Исто така, на средбата била истакната и досегашната соработка со Британскиот фонд, кој секоја година за кандидати од Република Македонија, доделува до шест стипендии за кратки студиски престои на соодветни високообразовани и научно-истражувачки институции во Велика Британија.
Министерот Адеми на средбата истакнал дека Министерството за образование и наука е подготвено да отпочне со реализација на билатерална проектна научна соработка, со што ќе се овозможи поголемо учество на научните институции од земјава во Европските рамковни програми.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

