Македонија
МОСТ: Прегласувањето во Теарце помина во мирна атмосфера, без инциденти

Во периодот од поништувањето на резултатите до прегласувањето во Теарце ситуацијата беше мирна, без инциденти, освен што беше регистриран обид за поткуп, односно беше поднесена кривична пријава против две лица кои на гласачите им нуделе поткуп за да не го остварат своето избирачко право, а МВР презеде мерки за расчистување на овој случајот, соопштија во понеделникот од граѓанската асоцијација МОСТ.
За прегласувањето беа распоредени два набљудувачи кои го следеа гласањето на самото гласачко место, како и два мобилни тимови кои ја набљудуваа ситуацијата околу гласачкото место.
Прегласувањето помина во мирна атмосфера, со различна динамика во одѕивот на гласачите, кој опадна во последните часови пред завршувањето на гласањето. Во текот на денот беше забележано зголемено присуство на полицијата околу гласачкото место.Околу 9 часот беше забележано дека УВ ламбите не работат, па гласањето беше прекинато во период од 15 минути за да се набават нови, по што истото продолжи. Во понатамошната постапка на гласање и сумирање на резултатите на самото избирачко место не беа забележани нерегуларности, додаваат од МСТ.
Како и на изборниот ден во повеќе општински изборни комисии, така и сега ОИК Теарце се соочи со проблем при составување на записникот бр. 21 за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето во однос на лицата кои гласале во казнено-поправните установи. Поради тоа имаше доцнење во објавувањето на резултатите од гласањето.Сам по себе, овој случај ја потврдува потребата од јакнење на капацитетите на изборната администрација во поглед на спроведувањето на комплетниот изборен процес, велат од МОСТ.
Наодите од изборниот ден и прегласувањето ќе и бидат претставени на јавноста во Финалниот извештај за набљудувањето на изборите на Граѓанската асоцијација МОСТ, додаваат од асоцијацијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер.
„Добро утро Амбасадорке Агелер, среќен нека е денот на независноста на САД.
Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции.
Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во Амбасада вчера.
На листа на санкции со децении се наоѓаат лица ПОРАДИ НАВОДИ за корупција и поткопување на демократските процеси, меѓу нив се наоѓаат политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии, а САД ги санкционираат таквите поединци како дел од напорите за промовирање одговорност и борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан“, напиша Арсовска.
Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
Македонија
Денеска максималната температура до 38 степени, од утре потопло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.