Македонија
МОСТ: Реформа на изборниот процес по меѓународни стандарди
Граѓанската асоцијација МОСТ како набљудувач во изборниот процес, смета дека преговорите за негова реформа мора да ги земат предвид меѓународните стандарди и компаративните искуства за изборите.
За таа цел МОСТ, во понеделник го промовираше документот „Препораки за реформа на изборниот процес“, подготвен врз база на 13-годишното искуство на МОСТ во набљудување на изборните процеси во Македонија и во странство – како дел од набљудувачки мисии на ОБСЕ/ОДИХР и ЕНЕМО, како и преку градење на капацитетите на граѓанските организации за домашно набљудување на избори. Документот е поделен на поглавја кои ја следат хронологијата на изборниот процес. Секое од поглавјата дава кус опис на сегашните законски одредби за таа област, хронологија и анализа на нивното спроведување, како и препораки, можни решенија и алтернативи за идентификуваните предизвици и проблеми. Препораките се подготвени имајќи ги предвид меѓународните стандарди и компаративните искуства за изборите.Да се разгледа можноста за воведување на модел со отворени листи, каде освен за политичкиот субјект ќе може да се гласа и за кандидатите од листата.Да се ревидира системот за гласање во странство, со оглед на нееднаквата можност за остварување на правото на глас и нееднаквоста на гласот во Македонија и во странство и да се суспендира за следните избори, а потоа да се отвори широка дебата за сите негови аспекти, со цел изнаоѓање на најсоодветните решенија.Во документот се препорачува и да се изврши детална теренска проверка на податоците во Избирачкиот список, во согласност со заклучоците на Работната група за проверка на Избирачкиот список.Да се предвиди рок во кој треба да се затворат финансиските сметки за изборната кампања затоа што непостоењето на ваков рок може да создаде проблеми при ревизијата на финансиските извештаи, како и да се преиспита можноста медиумите да даваат донации за политичките партии преку овозможување на попусти во платеното политичко рекламирање, затоа што на овој начин се заобиколува правото на учесниците во изборниот процес на рамномерен пристап во платеното политичко рекламирање.Во Изборниот законик да се регулира како се постапува со изборниот материјал по завршувањето на изборите и референдумите.„Препораките кои ги содржи овој документ се однесуваат само на најважните аспекти од изборниот процес, како што се изборниот систем, гласањето во странство, Државната изборна комисија, Избирачкиот список, изборната кампања и нејзиното финансирање и заштитата на избирачкото право. Тие не претставуваат замена за препораките кои се содржани во извештаите на МОСТ за досегашните избори, туку треба да се читаат комплементарно со нив. Дел од нив се предмет на преговорите помеѓу политичките партии, а дел од нив претставуваат долгогодишни заложби на МОСТ за кои политичките партии треба да постигнат консензус”, рече извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.МОСТ се надева дека овој документ ќе ги поттикне и останатите чинители во изборниот процес да ги изнесат своите идеи за реформа во една поширока дебата, како и дека ќе им служи на политичките партии како ресурс во поставувањето на основи за изборен процес со висок степен на доверба. Сепак, мора да се истакне дека не постојат совршени решенија кои може да се применуваат во сите држави и затоа при дизајнирањето на идните решенија мора да се имаат предвид спецификите на Република Македонија како држава и нејзиниот политички систем, минатите искуства, потребите на граѓаните, како и политичката култура.МОСТ, исто така, се надева дека конечно ќе започне да се гради одржлив систем кој ќе биде во интерес на институциите, процесите и граѓаните. Како и досега, МОСТ им стои на располагање на сите учесници во овој процес за понатамошни анализи и дебати за сите прашања поврзани со изборите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

