Контакт

Македонија

МРТ за избори да има двајца директори?

Објавено пред

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, на преговорите со претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино и олеснувачот Питер Ванхауте доставила предлог мерки за медимите, па така предлагаат на 100 дена пред избори Македонската радио телевизија да добие двајца директори.

dobivaj vesti na viber

Имено, предлагаат едниот директор да го предложи власта, а другиот опозицијата, а за вториот канал на албански јазик, би важело истото, со тоа што еден уредник би бил предложен од ДУИ, а друг од ДПА, во конкретниот случај.Потоа, владејачката партија предлага да се намалат казните за медиумите, а Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми да остане со седум члена како досега, од кои двајца ќе предложи Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), двајца од Македонската асоцијација на новинари (МАН), а по еден член ќе предложат Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Адвокатската комора и од Универзитетите.ВМРО-ДПМНЕ излегле со предлог медиумски простор партиите да добијат според резултатите од претходните избори, но тоа да важи за само за дневникот, а не за целокупната информативна програма.Бараат и интернет порталите да прераснат во Трговски друштва, а доколку не го сторат тоа, нема да се сметаат медиуми. За СДСМ, ова е неприфатливо, бидејќи во тој случај на новинарите кои работат во порталите би им била ускратена можноста за акредитирање во јавни институции, а со тоа и на следењето на актуелни настани.За финансирањето на МРТ, бараат да остане комбинирано, дел од буџетот, дел од радиодифузната такса. ВМРО-ДПМНЕ бараат и закон за владино рекламирање, од државниот буџет наместо 0,14 отсто за Македонската радио телевизија да се одвојуваат 0,17 отсто, а организацијата да биде според комбиниран словенечко-белгиско-германски модел.Според СДСМ, вчера воопшто не се разговарало за избирачкиот список и за начинот на неговото прочистување и дека не се блиску до заеднички договор, бидејќи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се целосно различни од оние на опозицијата и на олеснувачите на преговорите.Од друга страна, пак, членовите на Државната изборна комисија на денешната седница го усвоија Оперативниот план за преземање активности во функција на вршење вкрстени проверки со базите на податоци добиени од 10 државни институции. На преговорите ВМРО-ДПМНЕ не сакале невладините организации да учествуваат во ниту една точка од преговорите, за разлика од олеснувачите и СДСМ, чии предлози се невладините организации да го одберат советот на МРТ и советот да биде менаџер на МРТ, а директорот да биде само потписник.ВМРО-ДПМНЕ треба во вторник да ги достави предлозите за медиуми до олеснувачот на преговорите, Питер Ванхауте, а во 17.30 да продолжат преговорите каде ќе се дебатира за сите доставени предлози./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ

Објавено пред

„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?

Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.

Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.

Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.

Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.

Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.

Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;

· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;

· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;

· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност

Објавено пред

Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Времето во наредните денови

До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет2 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет2 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет2 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа2 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија12 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет13 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет15 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет16 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија18 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија20 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија21 час

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет22 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија2 дена

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...