Контакт

Македонија

МВР има сознанија за можни напади на поединци или групи

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи има сознанија за можни напади на поединци или групи, како одмазда за акцијата во Куманово.

dobivaj vesti na viber

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, изјави дека има такви сознанија и сомневања, но дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна.„Постојат одредени сознанија и сомневања дека поединци или групи ќе посегнат кон напади на поединци или на објекти во знак на одмазда за реализацијата на акцијата во Куманово, но во исто време морам да кажам дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна. Овие сознанија индицираат на можности од асиметрични закани од поединци или групи, така што зголемувањето на нивото на безбедност, односно подигањето на оперативно ниво на  македонската полиција е токму во тој правец на превенирање на евентуални такви активности, но во исто време сме должни да посочиме на можноста од такви ризици“ изјави Чавков по форумот на министри за внатрешни посветен на проблемот со мигрантите. На состанок присуствуваше и косовскиот министер за внатрешни Скендер Хисени кој единствено изјави дека Косово денеска е прогласена за полноправна членка на МАРРИ. Тој не одговори на новинарските прашања поврзани со инцидентот во Куманово што се случи на 9-ти и 10-ти мај, кога беа убиени осуммина полицајци и десет припадници на вооружената група./крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски кој упати низа навреди кон Џеј-Ди Венс, Трамп и Америка, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Како што истакнуваат од владејачката партија, СДС и Венко Филипче немаат идеја, креативност, визија ниту пак стратегија како за сопствената партија така и за државата.

dobivaj vesti na viber

Според ВМРО-ДПМНЕ, безидејноста на СДС и Филипче е до тој степен што се свртена кон политиките на Левица.

„СДС и Венко Филипче не се оградуваат од ставовите на нивниот гласноговорник Сашо Ордановски.

СДС и Филипче не се оградуваат од апологетот Ордановски кој смета дека Трамп е криминалец и е контра Трамп и Америка.

СДС и Филипче ги поддржуваат ставовите на мегафонот Ордановски.

СДС и Филипче се против унапредување и развој на односите со стратешките партнери на Македонија како што е САД.

Секоја меѓународна активност во насока за развој на Македонија, мегафоните на СДС и Филипче како Ордановски малициозно се обидуваат да ја омаловажат“.

Додаваат дека додека СДС и Филипче се заглавени во сопствените лавиринти и тонат се подлабоко во политичкото мочуриште, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски има јасна цел, визија и стратегија за економски развој и унапредување на односите со стратешките партнери на Македонија како САД.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

Објавено пред

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити.

dobivaj vesti na viber

„СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, велат од партијата.

Од СДСМ најавија и изјава пред зградата на Владата пред да ги предадат документите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Повисоки утрински температури во државата, максималната денеска до 12 степени

Објавено пред

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -2 степени, -1 било во Битола и Берово, 0 во Крива Паланка, Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, 1 во Демир Капија и Виница, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица, 3 во Скопје-Петровец, Претор и Гевгелија, 4 во Охрид.

dobivaj vesti na viber

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка, 3 во Маврови Анови и 2 во Берово.

Времето денеска

Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони со услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи...

Европа2 часа

Путин го нападна Киев само неколку часа по средбата на Трамп и Макрон: тревога низ целата земја, Полска ги подигна авионите

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави се за да ја прекине...

Свет3 часа

(Видео) Се урна мост, има мртви и исчезнати: се појави снимка од катастрофата во Јужна Кореја, се падна врз работниците во секунда

Три лица загинаа, а пет се повредени по уривање на градилиште на автопат во јужнокорејскиот град Чеонан, јави новинската агенција...

Регион3 часа

Србија гласаше за европската резолуција за Украина, Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните

Србија вчера гласаше за европска резолуција за Украина на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, претседателот Александар Вучиќ смета дека...

Свет3 часа

(Видео) Макрон: Можен е прекин на огнот меѓу Украина и Русија во наредните недели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да биде договорен во наредните...

Свет3 часа

(Видео) Макрон го прекина Трамп за време на прес-конференција

И покрај огромните разлики во ставовите, Доналд Трамп и Емануел Макрон вчера изјавија дека сакаат да работат заедно за да...

Македонија18 часа

Со лажни финансиски совети, измамници ги празнат кртичките на граѓаните – полицијата вели, вакви измами има сѐ повеќе

Забележан е зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои...

Македонија19 часа

Мицкоски ја повика ДУИ да достави докази за наводната корупција: Апсолутно имам доверба во работењето на господинот Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има исклучително блиска и непосредна соработка со министерот за животна средина, Изет Меџити, кого ДУИ...

Македонија20 часа

Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина

Македонија е една од земјите што се коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а истовремено Европската Унија, предводена од...

Економија20 часа

Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната

Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги...

Македонија21 час

Ако маркетите ги објавуваат цените на сите производи на интернет, купувачите ќе бидат заштитени oд скриени трошоци, рече Стојаноски

Mаркетите да ги објвуваат сите цени на веб-страниците со цел подобра информираност на потрошувачот и олеснување на споредливоста на цените,...

Македонија24 часа

Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со...

Европа1 ден

Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутно херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани...

Европа1 ден

(Видео) Погодена рафинерија во Русија; Гувернерот: Остатоците од дрон го предизвикаа пожарот

Остатоците кои паѓаат од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на...

Европа1 ден

(Видео) Фон дер Лајен во Киев на 3-годишнината од инвазијата: „Судбината на Европа е во прашање“

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија...

Свет1 ден

Русите на 3-годишнината од војната: „Америка сака брз прекин на огнот, но ние не“

Русија ги препознава напорите на Соединетите Држави (САД) да се придвижат кон брз прекин на огнот во Украина, но тоа...

Европа1 ден

Мерц: САД и Русија се приближуваат до грбот на Украина и Европа

Следниот германски канцелар би можел да биде Фридрих Мерц. Неговата ЦДУ е убедливо најсилната партија во Германија. Тој рече дека...

Свет1 ден

(Видео) Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Војната во Украина беше испровоцирана, тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска изјави дека Русија не треба нужно да се обвинува за предизвикување војна во Украина,...

Европа1 ден

Мерц: Америка веќе не се грижи за Европа

Претседателот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, рече дека негов главен политички приоритет е „да ја зајакне Европа што...

Македонија2 дена

Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи. „Овој успех е потврда за...